ПРОФ. Д-Р НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ФОНДАЦИЈАТА „БЛИЗНАКОВ“ (12)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИНПретседател на Управниот одбор, пак, е ректорот на Универзитетот проф. д-р Никола Јанкуловски.Професор д-р Никола Јанкуловски беше ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје. Неговата кариера започнала  на Клиниката за дигестивна хирургија при ООЗТ – Клиники за хируршки болести при Универзитетскиот центар за медицински науки во Скопје каде, до денес, успешно ја остварува здравствената дејност како врвен абдоминален хирург.Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје го започнал во академската 1976/77 година а го завршил со просечна средна оценка 9,33. Во 1990 година, пак, успешно го положил специјалистичкиот испит по Општа хирургија, супспецијалист по абдоминална хирургија.Еден од значајните датуми за Никола Јанкуловски е, секако, декември 2002 година, кога тој ја одбрани докторската дисертација со наслов „Процена на имунокомпетенцијата кај билијарната опструкција и улогата на билијарната дренажа врз прогнозата на болеста”.Инаку, професор д-р Никола Јанкуловски е роден на 4 март 1958 година во Ресен, во градот на јаболкото и градот на  Керамичката колонија, која претставува дом за многу светски познати грнчари. Тој е од печалбарско семејство.Основно и средно образование завршил во Скопје. Студирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”. Како студент повеќе години бил активен член на Научниот клуб „Академик професор д-р Димитар Арсов” при Медицинскиот факултет во Скопје и учествувал на стручни состаноци и конгреси  каде презентирал повеќе трудови.По завршувањето на Медицинскиот факултет и задолжителниот докторски стаж на 1.мај 1984 година, тој добил стипендија од Министерството за наука да работи на Клиниките за хируршки болести,  а од 1.мај1985 година, се вработил на Клиниката за дигестивна хирургија при ООЗТ – Клиники за хируршки болести при Универзитетскиот центар за медицински науки во Скопје каде, до денес, успешно ја остварува здравствената дејност.Наставно-научната дејност професор Јанкуловски ја започнал во 1988 година, како помлад асистент. Специјалистичкиот испит по Општа хирургија го положил во 1990 година, а во 1991 година бил избран за асистент по предметот Хирургија. Од изборот за помлад асистент активно учествувал во изведувањето на практичната настава по општа и воена хирургија. .Во април 2004 година, бил избран за доцент по предметот  Хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје. На 28 мај 2009 година е избран за вонреден професор, а на 26 декември 2013 година, Универзитетскиот сенат на својата 15 седница го избра за редовен професор по предметот  Хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје.Д-р Јанкуловски има објавено бројни научни и стручни трудови и други изданија во домашни и во меѓународни списанија, автор е на прирачници од областа на медицината и учествувал во реализацијата на научноистражувачки проекти. Имено, тој има објавено повеќе од 130 научни и стручни трудови и други изданија во земјата и странство; автор е на 2 прирачника од областа на медицината; раководител/учесник е во 5 научноистражувачки проекти.За неговите постигнувања, професор д-р Никола Јанкуловски е добитник на значајни награди и признанија, меѓу кои и на државната награда „Свети Климент Охридски” во 2013 година, за особен придонес во здравството и е добитник на највисоката награда на Македонското лекарско друштво – повелбата „Д-р Трифун Пановски” во 2015 година за исклучителни резултати во унапредувањето на медицинската наука, практика и развојот на здравствената заштита. Потоа, во 2015 година, професор д-р Никола Јанкуловски стана лауреат на највисокото признание, државната награда за животно дело  „11 Октомври”.Од 1 април 2009 година е назначен за в.д. декан на Медицинскиот факултет од страна на ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” (УКИМ), а од 22 септември е единствен утврден кандидат од страна на Наставно-научниот совет за декан на Медицинскиот факултет во Скопје.На 29 септември 2009 година Универзитетскиот сенат ја потврди Одлуката на ректорот на УКИМ за избор за декан на Медицинскиот факултет за мандатниот период 2009-2013 година. Потоа, во 2013 година, Универзитетскиот сенат на својата 9. седница одржана на 30 април, ја верификува Одлуката на ректорот на УКИМ за повторен избор за декан на Медицинскиот факултет за мандатниот период од 4 години, сметано во периодот од 2013 до 2017 година.Универзитетскиот сенат на својата конститутивна седница одржана на 27 јуни 2016 година донесе Одлука за избор на професор д-р Никола Јанкуловски за ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје во мандатниот период 2016-2020 година.1dat11Притоа, на 14 септември 2016 година, во аулата на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје се одржа инаугурацијата, односно свеченото стапување на должност на новоизбраниот ректор, професор д-р Никола Јанкуловски, во согласност со членот 132 од Статутот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје.Ректорот професор д-р Никола Јанкуловски е избран за претседател на Одборот на Фондацијата „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј”. Заедно со членовите: проректорот професор д-р Гордана Јосифова-Неделковска, м-р Марија Маневска и м-р Иван Џо Петрески, како и постојаните членови Томе Буклевски – Mаќучи и Славе Николовски-Катин, кои раководат со судбината и иднината на оваа најголема фондација од дијаспората што ја формираше доблесниот Македонец Атанас Близнаков од село Д΄мбени, Костурско кој со сопругата Славка живееше во Гери, Индијана.Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *