ДВАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ ВО 1988 ГОДИНА – ДЕЛ II (42)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН 

Исто така, за време на престојот во Болоња, делегацијата направи три одвоени средби на владиниот комесар за Емилија Ромања, д-р Џузепе Колаче, на префектот на Болоња, д-р Џакоро Росана, како и на повереникот на Општината Болоња за проблемите во енергетиката, Џани Туњоли. Притоа, домаќините беа запознати со основната карактеристика. На историскиот и општествениот развој на СР Македонија, како и со некои клучни моменти од историјата на македонскиот народ.

За престојот на делегацијата во Болоња, каде што имаше мошне корисни и срдечни средби и разговори со претставниците на Владата и на регионот Емилија Ромања, со кои СР Македонија повеќе години остварува соработка, Глигорие Гоговски истакна:

..На средбата и разговорите што ги имавме со нашиот домаќин Лучано Гверцони, претседател на Покраинската влада на Емилија Ромања, дојде до израз заедничката заинтересираност и готовност за проширување на соработката и за нејзино интензивирање особено во областа на стопанството. Обострано беа посочени повеќе предлози и иницијативи на соработка и беа набележани некои конкретни подрачја во кои таа би можела во иднина да се остварува.

Тоа се однесува, пред се’, на соработката во областа на земјоделието, машиноградбата, хемиската, електроиндустријата, градежништвото и во други области, во кои во догледно време ќе бидат остварени и понепосредни средби на експерти заради натамошно конкретизирање на можностите за соработка. Нашите партнери од своја страна ќе ги проучат можностите за нивно учество во користењето на поволните кредити што ги одобри италијанската влада наменети за соработка со Југославија.

Беа набележани и други правци на соработка, особено онаа на Универзитетот „Кирил и Методиј” и Универзитетот во Болоња, кој годинава одбележува 900 години од своето постоење, како и соработката во областа на заштитата на човековата средина, соработка што ја остварува Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологијаод Скопје со партнери од Болоња 

На 24 мај 1988 година, Архиепископот охридски и македонски – Гаврил, му изрази писмена благодарност на Неговата Светост папата Јован Павле II, од името на Македонската православна црква, за братскиот прием на македонските црковни делегации, кои доаѓаат да се поклонат пред гробот на свети Кирил Солунски. Исто така, на папата Јован Павле II му е изразена благодарност за прогласувањето на светите браќа Кирил и Методиј за копатрони на Европа заедно со светиот Бенедикт, како и за признавањето на светите Климент и Наум Охридски во 1986 година за светители на Римокатоличката црква.

Во 1988 година во Новгород беше одржана „Словенска конференција” по повод 1 000 години од покрстувањето на Русија. На 24 мај на Конференцијата настапи претставникот од Македонија, д-р Блаже Ристовски, со реферат: „Кон запознавањето на заемните врски и односи помеѓу Македонија и Русија во периодот од Х до Х/II век”. Рефератот е објавен во зборникот „Охридската архиепископија и покрстувањето на Русија” што го издаде Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски” – Скопје, во 1988 година по повод 1 000-годишниот јубилеј.

Цветан Грозданов, како единствен претставник од Македонија и од бивша Југославија, учествуваше на научната конференција во Париз во 1988 година во организација на УНЕСКО, на тема „1 000 години од покрстувањето на Русите”. Рефератот на Грозданов беше со наслов:

„Ликовните врски на Македонија, Србија и Русија во средниот век”. Во ова излагање, своето место го најдоа и светителите: Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, како и други словенски светители. Зборникот со рефератите од оваа научна конференција беше отпечатен :

Cvetan Grozdanov: La Maciedonie, /а Serbie et l’art midiival de /а rus’: La christianisation de /а russie ancienne: 988-1988: ип millinaire. Paris: UNESCO, 1989, р. 119 -129.

По повод 20-годишниот јубилеј од манифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил”, во 1988 година се појави списанието: „ln gloria di Ѕап Cirillo” (20 anni dela manifestacione “La Jugoslavia in anore di Ѕ. Cirillo”).

Во овој број воведна статија за делото на светите Кирил и Методијобјави проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ.

Охридската архиепископија и покрстувањето на Русија (Зборникот излегува по повод 1 000-годишнината од покрстувањето на Русите, Скопје 1988 година).

Овој зборник го издава Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски” во Скопје, под уредништво на архиепископот г. г. Гаврил. Зборникот содржи повеќе студии.

2kir33

Св. Климент во Скопје

Михајло Георгиевски: „Словенски ракописи во Македонија”, опис IIIIV, Скопје 1988. Овие два тома словенски ракописи претставуваат логично продолжение на два претходно споменати од Владимир Мошин . Опишаните ракописи се откриени во периодот од 1970 до 1985 година.

По опишаните 168 ракописи од Владимир Мошин, се надоврзуваат описите од Георгиевски на уште 152 нови словенски ракописи, пронајдени во Македонија. Предговорот на описите и самите показатели на ракописите даваат убав увид во новопронајдените значајни ракописи, особено нивните одбрани факсимили предадени во IV том.

Вангелија Десподова – Лидија Славева: „Македонски средновековни ракописи”, I, Прилеп 1988. Во книгата се опишани (и со одредени факсимили) 100 македонски значајни ракописи од Х до XVI век.

Угринова-Скаловска, Р., Рибарова, 3.: ,,Радомирово евангелие” , Скопје 1988. Обработен е значајниот македонски споменик со наслов Радомирово евангелие, со потекло од XIII век.

Цветан Грозданов: „Црквата Свети Климент – Охрид” – Kirche HI. Kliment Ohrid, Завод за заштита на спомениците на културата, Народенмузеј, Охрид 1988.

Монографски приказ и претставување на историско-уметничкитевредности на охридската  црква „Свети Климент”.

Цветан Грозданов: „Света Софија” – Охрид – Saint Sophia of Ohrid, Завод за заштита на спомениците на културата, Народен музеј, Охрид1988.

Делото претставува монографски приказ на охридската црква „Света Софија”.

Продолжува

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН