ДВАНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМВО 1980 ГОДИНА (30)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Како и во изминатите, така и во оваа година, во Рим се оддаде почит на свети Кирил, всушност на кирилометодиевското свето дело. На манифестацијата што имаше општо југословенски карактер се одвиваше богата програма од 24 до 29 мај.

Така, на киното ,,Планетариум” се изврши проекција на играниот филм „Посебен третман” во режија на Горан Паскаљевиќ, на анимираните филмови „Рака” на Дарко Марковиќ и „Уфо” на Петар Глиговорски, како и на филмот „Барања” на режисерот М. Клопчич (СР Словенија).

По тој повод во Рим престојуваше југословенска филмска делегација во состав – Горан Паскаљевиќ, Милена Дравиќ и Љубиша Тадиќ. Во салата „Санта Чечилија”, пак, Јован Колунџија (виолина) и Нада Колунџија (пијано придружба) од СР Србија одржаа концерт, а во салата на Историскиот институт на средниот век на Италија, д-р Бранко Фучиќ од СР Хрватска одржа предавање на тема: „Културно-историските видови на глаголските натписи”. Посебно внимание кај италијанската поблика привлече изложбата „15 македонски современи ликовни уметници” што ја подготви Музејот на современата уметност од Скопје, а којашто се одржа во малата галерија на Изложбената палата на Италија.

Во текот на одржувањето на манифестацијата „Југославија во чест на свети Кирил” , чиј реализатор од италијанска страна беше „Театро клуб премио” , во Рим допатува југословенска културна делегација чиј шеф беше г. Стјепан Хумо, директор на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата на СР Хрватска , а членови беа Душан Белиќ, секретар на СИЗ за култура на САП Војводина и г. Цветан Станоевски, помошник претседател на Републичката комисија за културни врски со странство на СР Македонија.

Делегацијата, пак, на Светиот синод на МПЦ ја предводеше митрополитот дебарско-кичевски г. Ангелариј, а членови беа протојерејот-ставрофор Трајан Митревски и ѓаконот Јован Таковски, професори на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски “ во Скопје, како и пртојерејот Јован Каревски,сегашниот преспанско-битолски архијереј митрополит Петар и г . Славе Јовановски, сегашниот дебарско-кичевски архијереј митрополит Тимотеј, кои се наоѓаше на постдипломски студии во Рим.

Делегацијата од Скопје за Рим појде на 19 мај, а се врати на 25 мај. По пристигнувањето, црковната делегација на чело со митрополитот Ангелариј го посети Секретаријатот за единство на христијаните при Ватикан, каде беше примена од бискупот Мелер и од господата Шмит и Вирвол. Разговорот со нив покрена и низа заемни прашања и мина срдечно, во пријателска атмосфера.

И оваа година делегацијата беше примена со најголеми почести на генерална аудиенција од Неговата Светост папата Јован Павле II. Притоа, од името на Неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г. Доситеј, поглаварот на Македонската православна црква, на папата Јован Павле II му беше предаден подарок – пригодна издание на беседата од свети Климент Охридски за римскиот епископ Климент.

Папата посебно внимание посвети на југословенската делегација и на делегацијата на МПЦ, при што посебно поразговара со митрополитот г. Ангелариј и со другите членови, нагласувајќи дека му е драго што делегацијата е дојдена да оддаде почит и да учествува на прославата за свети Кирил Солунски.

Исто така, делегацијата на Македонската православна црква го посети државниот секретар на Ватикан, кардиналот Аугустино Казароли, кој во срдечниот разговор, меѓу другото рече: „Љубовта е силна за меѓусебно разбирање. Ние имаме една вера и треба да имаме и едногласна теологија, за што почнуваат разговори на Патмос овие денови”.

Потоа делегацијата беше примена од кардиналот Шепар, како и од ам басадорот г. Зденко Свете кој приреди ручек во чест на делегацијата на кој присуствуваа истакнати личности од државата и црквата, меѓу кои кардиналите Шепар и Каприо, монсињор Вирвол , делегати од Секретаријатот за единство, ректорот на „Словеникум” д-р Језерник и други.

И таа година централната прослава се одржа на 24 мај, кога беше отслужен традиционалниот молебен во црквата „Свети Климент Римски” во Рим. На свечената служба што ја водеше митрополитот Анеrлариј, во сослужение на свештените лица Трајан Митревски, Јован Каревски и Јован Таковски, покрај југословенската културна делегација присуствуваше и хорот „Русикум”, амбасадорот во Светата столица г. Зденко Свете, монсињор Вирвол, ректорот д-р Језерник, проф. Лацко и бројни поклоненици.

По полагањето венци и свежо цве ќе, митрополитот Ангелариј го одржа следното слово пред гробот на свети Кирил Солунски и, меѓу другото, рече:

Делото на свети Кирил е универзално, апостолска. Тоа е целосноисполнување на Христовата заповед: „одете и научете ги сите народи крштевајќи ги во името на Отецот и Синот, и Светиот Дух, и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал” (Мт. 18, 19). 

1feli33

Поради ова, тоа не може да се смести во географски граници на еден народ, зашто „нивниот глас се слуша дури до крајот на вселената”. Евангелското дело секогаш е ново, бесмртно и вечно, проткаено со препородувачка потенцијална сила, импресивно и поучно за младите поколенија како ориентација во нивниот верско-просветен прогрес.

Македонскиот народ, облагодарен со животната сила на големото дело на свети Кирил, преку употребата на словенските богослужбени книги, одобрени и благословени од римскиот папа Адријан II, со што е манифестирана љубовата Христова како цврста спона на една единствена света, соборна и апостолска црква, се здоби со сите благодети на Божествената премудрост и му дава примарно значење на употребата на мајчиниот јазик кое го потврдува и свети апостол Павле:  ,,Во црквата повеќе сакам да кажам пет збора разбрани, за да поучам други, отколку илјада зборови на непознат јазик” (I Кор . 14, 19).

Манифестацијата „Во чест на свети Кирил” и, особено, посетите на делегацијата беа одбележани во средствата за информирање на Ватикан и пошироко. Така, опширни извештаи дадоа Радио Ватикан, службениот орган на Ватикан – „Осерваторе Романо“, „Глас Концила” од Загреб, „Дело” од Љубљана, „Релационе Мачедониа“, „Релационе религиозе” и други. По повод одбележувањето на светите браќа Кирили Методиј, средствата за јавно информирање во СР Македонија дадоаширок публицитет.

Коста Балабанов, Антоние Николовски, Димитар Ќорнаков, „Споменици на културата во Македонија“, „Мисла”, Скопје 1980. 

Авторите на ова значајно дело даваат преглед на поважните споменици на културата во Македонија и тоа според следните нејзини области: Скопје и Скопско, Кумановско, Штипско Струмичко-Злетовска, Титоввелешко, Битолско-Прилепско-Демирхисарско, Тетовско, Гостиварско, Охридско-Преспанско.

Продолжува

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *