Монографското дело „Лу Влашо – американски син на Македонија“ е издание на „Македонска искра“ од Скопје, отпечатено во 2022 година, на 330 страници на англиски и македонски јазик, чии уредници се новинарката Херит Хеитаус од САД и публицистот Славе Катин од Македонија. Тоа е животна приказна за Лу (Илија) Влашо, роден Американец со македонско потекло од Егејскиот дел на Македонија, познат признат и доблесен бизнисмен во Соединетите Американски Држави
Животната приказна на семејството Влашо е многу интересна страница од мозаикот на македонскиот иселенички летопис во САД, но и во пошироките простори на северно-американскиот континент. Лу, чие македонско име е Илија, е познат активист за афирмација на македонското име, јазик, идентитет, култура и традиции во мултиетничката мапа на САД. Животната приказна на семејството Влашо, истовремено, е и скромен дел од историјата на Македонците од Егејска Македонија, на Македонците во иселеништвото, а преку него и на дедовкста татковина – Македонија.
Ние Македонците во етничка Македонија и насекаде по свeтот, заедно со нашите соседни нации и држави, треба да бидеме горди што бројни факти од досегашните историски, научни, културолошки, археолошки и иселенички наоди и вистини потврдиле, дека на голем број личности со балканско, европско и светско значење, корените им се и од Македонија.
Сето тоа треба нас Македонците да не поврзува и зближува со балканските соседни држави и нации, а не да не разделува, како што се примерите со договорите за „добрососедство“ со Грција и Бугарија, заедно со „напатствијата“ од Албанија, Заборавајќи ја eдна од најголемите христијански заповеди кoja гласи: “Сакај го ближниот како што се сакаш себе си”
Монографското дело „Лу Влашо – американски син на Македонија“ е посветено на доблесниот Македонец, бизнисмен, истакнат хуманист и докажан донатор, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, Лу (Илија) Влашо. Тој се залага за афирмација на етничка Македонија Таквата угледна бизнис личност, вљубеник во американскиот и во македонскиот народот насекаде по светот и во својата татковина Македонија, секогаш го водела светата мисла да остави вечни траги за идните македонски генерации.
Монографијата, главно, е наменета за идните генерации, кои се раѓаат, растат и се формираат воСАД, со цеп да нв ги заборават сопсгвените корени. Затоа овде се опфатени два века, целиот дваесетти и почетокот на дваесет и првиот век и нсторијата на семејсгвото Власхо со дадените координати во просторот и времето што таа го опфаќа.
При мојата прва посета, им беше потребно извесно време на луѓето околу мене да почнат да зборуваат слободно. Сите разговори беа некако воздржани. Тетка ми велеше: „Што поставуваш толку многу прашања? Не прашувај толку.“
Ме задеваа за тоа што сум толкав Македонец, ми купуваа мали фигури на Александар Велики, кои го покажуваа дека е Грк. Се разбира, тој бил Македонец. Тоа беше културен начин да се мајтапат со мене.
Моите братучеди се родени во Грција, одеа во грчки училишта. Една од моите братучеткии беше врзана со грчката црква – таа беше калуѓерка – и со години таа беше грчки поборник.
На почетокот дури се обидоа да ме убедат дека се Грци. (До ден денес, официјалниот став на грчката влада е деја нема Македонци во Грција.). На крај им реков: „Како тогаш знаете македонски јазик? Нели е пренесен преку вашите претци?“
После тоа, никогаш веќе не ме задвеаа за тоа дека сум Грк бидејќи беше очигледно дека македонскиот јазик тие го научиле од нивните родители и баби и дедовци. Така и јас го научив. Тие не го зборуваа јазикот многу често, но со мене добро комуницираа.
Фактот што тие се идентификуваа како Грци ме натера да работам уште посилно да ги убедам дека се Македонци. Но на крајот, не морав. Си знаеја дека се.
Моите вујковци се вратија таму, не поради тоа што е Грција – но поради тоа што беше македонска татковина од која беа принудени да избегаат. По неколку ноќи и малку ракија, тие стануваа се порасположени да ми ги кажат нивните приказни. И какви приказни беа тоа!
Вујко Васил Малта мораше да го напушти селото за да избега од борбите помеѓу партизанските и грчките армии. Ќе го натераа или да се приклучи на армијата или ќе беше стрелан.
Тој се сеќава дека требаше да ги помине планините без да се подготви – всушност, тој носеше одело, како да ќе оди во црква или на интервју за работа. Немаше ниту вода, и беше дехидриран и загрижен за тоа дали жив ќе успее да избега.
За среќа, една група Македонци го најдоа во Албанија и му дадоа вода која му беше најпотребна, а тој им се прикдружил на пат кон Полска. Таму најде работа како кројач, според неговиот занает, а почна и течно да зборува полски јазик. Се врати во селото после војната без некои поголеми проблеми.
Сопругот на тетка Софија, мојот тетин Никола Панос, исто така мораше да го напушти селото да избега од армиите кои доаѓаа. Тој се сретна со една група која беше на пат за Албанија, каде сакаа да најдат начин да избегаат од земјата. Сите заедно се качиле на брод – тоа бил товарен брод, немаше никакви услови за патници – во Албанија, и не знаеја каде бродот се упатил.
Тоа беше патување од ноќните мори, се сеќаваше тој. Условите беа ужасни: луѓето умираа постојано на пренатрупаниот брод. Ноќе, патниците ќе слушнеа плискање на вода и знаеја дека некој умрел. Телото на починатиот го фрлале во морето.
Патниците претпоставуваа дека можеби се на пат за Турција или некоја источноевропска земја како Украина или Романија. Замислете го нивното изненадување кога бродот пристануваше и тие го слушнаа гласот од звучникот: „Чичко Јозеф Сталин ви посакува добредојде во народна република Русија, другари.“ Русија ги поддржуваше партизанските сили во оваа војна.
А на Русија и беа потребни работници. Никола беше распореден да работи во железара и таму работел цело време додека бил во Русија. Му плаќаа некоја мала плата во рублји и можеше да го заштеди поголемиот дел од платата.
Никола и Софија успеаја да стапат во контакт на многу креативен начин. Едниот ќе напишеше писмо на другиот и ќе го испрател на адресата на мајка ми во САД: Таа ќе го ставеше во плико и ќе го испратеше на едниот или на другиот бидејќи парот не можеше да си праќа писма еден на друг од или во Русија. Навистина многу мудро од нив.
По многу мака, Никола успеа да излезе од Русија и да се врати во селото по војната.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН