ЧЕТВРТО ПОКЛОНЕНИЕ НА ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО РИМ ВО 1972 ГОДИНА (21)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Традиционалната манифестација „Денови на македонската култура“ во Рим во 1972 година се одржа на од 24 до 28 мај. Иако таа не беше вклучена во меѓународната програма за културна соработка, сепак беше изведена под покровителство на градоначалниот на Рпм, и беше целосно посветсна на македонското народно творештво. За време на манифестацијата што ја организираше Комиснјата за културни врски со странство, беше отворена изжбата „Народната уметност на Македонмја“  што ја подготви Етнолошкиот музеј од Скопје, додека членовите на реномираниот ансамбл за народни игри ипесни „Танец” од Скопје приреди концерти во Рим, Терачино и Неапол. Професорот д-р Кирнл Пенушлиски, пак, одржа предавање за народното творештво на Македонија

На четвртото по ред, поклонение на гробот на свети Кирил Солунски, како и во минатите години, гробот го посетија и положија венец и свежо цвеќе државна и црковна делегација. Во државната делегација што ја предводеше д-р Деса Миљовска, републички секретар за култура при Изпршниот совет на СР Македонија, беа професорот на Филозофскиот факултет д-р Кирил Пенушлпски, д-р ДимчеКоцо, претставник на Македонската академнја на науките и уметностите, Кочо Битољану, потпретседател на Градското собрание на град Скопје и Вера Климкова, директор на Етнолошкиот музеј.

Црковната делегација, пак, ја предводеше неговото високопреосвсштен-стов митрополитот амерпкапско-канадско-австралиски г. Кприл, а во делсгацијата беа и тогашниот протоереј- ставрофор Методи Гогов, ректор на Македоиската православна богословија и протоѓаконот АлександарЦандовски. По повод манифестацијата отпечатена е пригодна публикација „Слава на свети Кирил” со илустрациии текстови на македонскм јазик.

Четвртото поклонение на гробот на свети Кнрил Солунски, кој тврдо веруваше во божественоста на евангелието н рамноправноста на словенскиот јазик со латинскиотгрчкиот (елинскиот) и еврејскиот, ќе остане забележанопо тоа што за првпат над овој гроб прозвучи македонскмот современ литературен збор во црковната служба (молебенот), во која дотогаш се употребуваше црковнословен-скиот јазик.

Овој светол чин на оддавање почит на македонските и сеслопснските просветители, го отслужи америкацско-каиадско-австралискиот митрополит г. Кирил, заедно со протоставрофот Методн Гогов и протоѓаконот Александар Цапдовски, а со учество на хорот на ансамблот „Танец”. Во говорот пред присутните гости. поклоници и туристи, митрополитот Кирил меѓу другото, истакна:

…Свститс браќаКнрил и Методиј биле вистински апостоли, учители и просвстители за сите словенскн народиТие им ја дале писменоста и преку неа пм го доближиле Христовото евангелско учење, со што им создале широки и светли хоризонти за сестран духовно-културен напредок. 

Рим 

И ние Максдонците и Македонската православна црква, отсекогаш сме имале голема љубов и длабока благодарност кон свети Кирил и Методиј. Ги чувствуваме блиски и се гордееме со нив оти тие се родиле, израснале и духовно зрееле во средината на македонските Словени, нашите далечни прадедовци, и што на нивниот јазик го превеле Светото писмо и другите свети книги.

Иако тие израснале, се формирале и твореле на наше македонско тло, иако нивните идеи, тогаш кога постоела опасност потполно да бидат уништени, биле прифатени, утврдени, проширени и продлабочени, пак на наше тло – во светиот град Охрид, на сесловенскиот универзитет, воден од нивните ученици св. Климент и Наум и нивните следбеници, – ние сме дадеку од помислата нив да ги присвојуваме само за себе.

Напротив среќни сме што им припаѓаат на сите словенски народи, што инспирирани и водени од светиот Дух, успеале да се ослободат од тесните регионални граници и го сфаќале светот како една неделива целина, а народите како едно големо семејство, кое треба да живее во дух на љубов и сестрано културно соработување и заемно помагање…

Потоа бројните поклоници останаа и натаму крај гробот, целувајќи го и гробот и крстот и оставајќи подароци: пари, чорапи, кошули, крпи и друго, по старите обичаи во Македонија. Исто така, дел од поклониците изразија желба да им бидат кренати пресветите и спомнати имињата за здравје на нивните блиски и пријатели, што им беше удоволено од протоерејот Методи Гогов (подоцна поглавар на Македонската православна црква-Охридска архиепископија).

По излегувањето од криптата, старешината на црквата патер Дуфи ги покани гостите од Македонија во својот кабинет, кадешто со нив се задржа во пријателски разговор, во кој, освен членовите на Македонската православна црква, зедоа учество и д-р Деса Миљовска и професорот Димче Коцо. Во разго-ворот, патер Дуфи ги информира гостите дека во изминатите години присуствувал на повеќе молебени, но дека овој молебен кај него оставил голем впечаток. Притоа, подароците што на гробот на свети Кирил Солунски ги оставија македонските ходочасници му беа предадени на старешината на црквата, со објаснување дека сите подароци, според црковно-народните обича и во Македонија и’ припаѓаат на црквата.

Државната делегација, пак, и’подари на управата на црквата фреско-копија на малтер со ликот на свети Климент Охридски, а митрополитот Кирил го замоли патер Дуфи да прими 100.000 лири во знак на благодарност за грижата околу гробот на светителот.

Во текот на престојот државно-црковната делегација имаше прием кај југословенскиот амбасадор при Ватикан г. Стане Колман, и кај југословенскиот амбасадор во Италија г. Миша Павичевиќ. Потоа беа одржани средби во      Секретаријатот за единство на христијаните, со кардиналот Вилебрандс и со отците Питер и Џон, при што беше изразена благодарност што и оваа година е обезбедено служењето молебен на гробот на свети Кирил Солунски. Во разговорот кардиналот Вилебрандс рече:

„Високо ја цениме улогата на православната црква. Ние веруваме дека православието може многу да помогне во реализирањето на екуменската идеја Тоа може да даде голем придонес за зајакнување на екуменизмот во светот и за зближување на христијанските цркви. Во сето ова што го прави Македонската православиа црква ние гледаме знак на сестрана отвореност кон светот и кон христијанските цркви. Тоа е навистина важно во процесот на зближувањето на христијаните со различни историн, култури и црковни традиции”. 

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН