Теодоракис: Грчката Влада има две и пол линии за македонското прашање

 Критики до грчката влада поради различните позиции во прашањето за името упати лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис, велејќи дека владата настапува со две и пол линии.

– Речиси сите забележуваме две и пол линии на власта во случајот со македонското прашање. Едната линија е онаа од изјавите на премиерот. Другата линија е линијата на министерот за одбрана, а постои многу пати и една поразлична нијанса на министерот за надворешни работи во одбрана на премиерската линија. Би сакале, мислам дека тоа го сака и општеството, не само јас, да добиеме еден конкретен цврст одговор од владата: што конечно бара како решение?, рече Теодоракис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, лидерот на партијата Река, што заедно со ПАСОК е дел од Движењето за промена, во обраќање на презентацијата на новата книга на Никос Мерѕос, ги повтори неговите позиции, за сложено име, со акцентот ставен на иредентизмот во учебниците.

-Сакаме патриотско решение што во конкретниот случај е решение со сложено име, паралелно со обврзувања со меѓународни договори, за да не постојат иредентистички наводи како во Уставот, така и во учебниците. Инсистирам на последново, бидејќи е многу важно децата таму да не растат со чувство на непријателство кон Грците, рече Теодоракис.

Тој смета дека во изминатите 25 години, со нерешавање на името, Грција загубила и порачува дека денеска постои опасност поради партиските несогласување да се изгуби и оваа шанса за решение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *