Камерон: Стабилноста на Западен Балкан е нашиот национален интерес

Шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон денеска ја нагласи важноста од одржување на мирот и стабилноста на Западен Балкан, со 45 милиони фунти (57 милиони долари) за зајакнување на безбедноста во регионот.

За време на посетата на Косово, негова прва како прв дипломат на Велика Британија, тој се сретна со политичките лидери во Приштина и ги посети британските војници.

По разговорите со неговата косовска колешка, Доника Гервала-Шварц, Камерон ја истакна „важноста на стабилноста на Западен Балкан“.

„Тоа е нешто во што Британија инвестира, со 45 милиони фунти оваа година. Тоа е нешто што е многу важно за нашиот национален интерес“, рече тој на прес-конференција во Приштина.

„Живееме во свет на голема несигурност и голема нестабилност, свет на голем конфликт“, рече Камерон.

„Ова е време кога земјите како Британија треба да ги поддржуваат нашите пријатели, тесно да работат на нашите важни сојузи и да инвестираат во области кои беа нестабилни, но сега покажуваат големи знаци на стабилност и напредок“, додаде тој.

Британските трупи се стационирани во Косово како дел од мировната мисија КФОР предводена од НАТО.

„Посебно задоволство е да се види британскиот министер во Косово. По долго време ова е прва посета на британски министер за надворешни работи на Косово“, рече Гервала, која и се заблагодари на Велика Британија за поддршката на Косово.

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска разговараше и со британскиот министер Камерон за зајакнување на меѓународната позиција на Косово и заедничката посветеност на мирот, соопшти Кабинетот на косовската претседателка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *