Повеќе од 30 заинтересирани да се кандидираат за претседателските избори во Русија

Повеќе од 30 луѓе се заинтересирани да се кандидираат за претседателските избори во Русија, изјави претседателката на руската Централна изборна комисија за државни медиуми.

„Секако дека кампањата ќе биде конкурентна, бидејќи е очигледно дека ќе има повеќе од еден кандидат. Во секој случај, сега веќе има повеќе од 30 луѓе кои сакаат да станат кандидати“, изјави Ела Памфилова.

Поранешната телевизиска новинарка Екатерина Дунцова беше спречена да се кандидира против рускиот претседател Владимир Путин на изборите следниот март поради „грешки“ во барањето за кандидатура, објави нејзиниот изборен штаб пред три дена на платформата „Телеграм“.

Одлуката е донесена само три дена откако 40-годишната Дунцова поднела барање до изборната комисија да се пријави како кандидат. Таа имала намера да се кандидира со програма која вклучувала ставање крај на војната во Украина и ослободување политички затвореници.

Според локални анкети, Путин има поддршка од околу 80 отсто од избирачкото тело во Русија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *