Назначена лекторка по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана

За лектор во Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана е назначена д-р Славица Свидерска, објави македонскот весник „Илинден“.

Таа пред ректорката на УКИМ Биљана Ангелова и пред Кристина Николовска, директорка на МСМЈЛК при УКИМ, ги изложила предлозите за развој и афирмација на македонистиката на Универзитетот во Тирана. 

-Отвораме важна страница од големата мисија на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје преку повторно отворање на Лекторат по македонски јазик, литература и култура на Универзитетот за странски јазици во Тирана, Република Албанија. Ова е историски чекор напред за развој и афирмација на македонистиката во светот преку високообразовна соработка којашто отвора и процес на културна соработка преку градење на мостови меѓу двете култура, оценила ректорката Ангелова.

Повторното отворање на лекторатот, кој функционираше до пред повеќе од десет години е резултат на заедничките заложби на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) и Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, секако со дипломатски заложби.

-Историски чекор е назначувањето лекторка по македонски јазик во Тирана,што е последователн чекор во реализирација  на иницијативата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана за повторно отворање на Лекторат. Покрај другото Лекторатот по македонски јазик ќе биде клучен за унапредување на културните врски меѓу двата народа и двете држави, за развивањето на добрососедските односи и за градењето нови мостови на соработка меѓу македонската и албанската академска научна средина, рече Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Додава дека интересот за изучување на македонскиот јазик во Тирана е голем, како кај македонското малцинство, така и воопшто во албанското општество, меѓу новите генерации филолози.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *