Метолари: На Балканот не треба да градиме ѕидови, а и меѓу Македонија и Грција не треба да ги има

Прашањето за името Грција и Македонија треба да го решат така што секоја страна да направи одредени отстапки и да се постигне едно заедничко решение, бидејќи ова ќе овозможи подобра перспектива за граѓаните на двете земји, изјави Дориана Метолари, аналитичар и директор на онлајн платформата HermesNews, со седиште во Тирана, во интервју за новинската агенција Журнал.

– Прашањето за името меѓу Грција и Македонија треба да се реши, така што секоја страна треба да направи одредени отстапки и да се постигне едно заедничко решение, бидејќи ова ќе овозможи подобра перспектива за граѓаните на двете земји. Притисокот за изнаоѓање решение треба да се зголеми. Луѓето треба да се обединат според вредностите над се, и челниците или политичарите треба да размислат како да изградат подобра иднина меѓу народите. Има многу предизвици, затоа да се осврнеме кон битките кои ќе ги водиме денес и утре. Ниту луѓето, ниту медиумите не треба да дозволат иднината да биде под залог , под никаков услов. На Балканот не треба да креваме ѕидови, и меѓу Македонија и Грција не треба да има ѕидови, треба да се разговара, да се преговара со цел постигнување на резултати. Национализмот не помага, наместо тоа треба да се употреби дипломатијата, изјави Метолари во интервуто.

Таа  смета дека луѓето на Балкан имаат кревок соживот затоа што не може историјата да биде заборавена, што можеби е во ред.

– Но, ако народите живеат за минатото, нема да можат да ја изградат иднината. Затоа, ни требаат силни лидери, кои се способни да ја водат замјата напред, а не да ја држат како заложник на национализми, или други интереси. Ниедна нација, па и Македонија не заслужуваат да бидат заложници на минатото. Треба да одиме напред, по секоја цена, изјави Метолари.

Во врска со ставот на Албанија за македонско-грчкиот спор за името, таа смета дека Албанија, како земја членка на НАТО, треба да се придржи кон курсот на Северноатланската алијанса кон оваа прашање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *