Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи информира дека на Подготвителниот состанок и Постојаниот совет на амбасадорите на 57 земји учеснички на Организацијата во Виена постигнат е консензус Малта да биде следната земја претседавач со регионалнава безбедносна организаиција за 2024 година. Северна Македонија го презеде претседавањето со најголемата регионална безбедносна организација од Полска на 1 јануари 2023 година. Едногодишното претседавње со ОБСЕ за 2025 година ќе биде во рацете на Финска.