Западен Балкан и безбедносните прашања во поширок контекст тема на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот

Премиерот Димитар Ковачевски и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ќе бидат домаќини на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот. Столтенберг, кој е во официјална посета на нашата држава, во своето обраќање во Собранието вчера порача дека токму оваа средба ја одразува важноста која ја придаваат на Северна Македонија како членка на НАТО.

Столтенберг, вчера на прес-конференција со премиерот Ковачевски рече дека одржувањето на регионалниот состанок во Скопје е признание за важноста на улогата што Северна Македонија ја игра во оваа Алијанса и покажува, како што кажа, колку ние го цениме фактот дека вие сте полноправна членка.

Тој информираше дека на утрешниот неформален состанок на лидерите на НАТО сојузници што ќе се одржи во Скопје, ќе разговараат за Западен Балкан и безбедносните прашања во поширок контекст, како што е руската воена агресија против Украина и активностите во регионот. Столтенберг потенцира дека Западниот Балкан е есенцијален за безбедноста во Европа.

-Во последните неколку дена сум во посета на Западен Балкан. Ги посетив Босна и Херцеговина, Србија и Косово, а ќе се сретнам со лидерите на наши сојузници од Албанија, Хрватска, Црна Гора, Словенија и Северна Македонија. Токму оваа средба ја одразува важноста која ја придаваме на Северна Македонија како членка на НАТО. Вие со пример покажувате како луѓето од различни етнички и религиски позадини може да живеат заедно и да градат држава, рече Столтенберг.

null

Според Столтенберг, Северна Македонија е доказ дека со посветена работа, реформи и посветеност кон вредностите и идеалите на трансатланската заедница како што се слободата, демократијата и владеење на правото, секогаш е возможен напредок.

Тој потенцира дека членството во ЕУ дополнително ќе ја зајакне демократијата, владеење на правото и социјалната правда, а ќе ги зголеми можностите за сите граѓани, особено за младите.

-Ве охрабрувам постојано да работите, како што работевте за членството во НАТО, и да го комплетирате вашето патешествие кон срцето на европското семејство. Членство на НАТО ќе го трасира вашето членство во ЕУ, онака како што беше случај со државите пред вас. Членството во НАТО е добро за Северна Македонија, но добро е и за НАТО. Вашите вооружени сили активно придонесуваат во меѓународниот мир и безбедност, додаде Столтенберг.

Тој потсети дека Северна Македонија веднаш ја осуди агресијата на Русија против Украина и даде значителна воена помош на Украина.

-Секој ден во седиштето на НАТО седите како еднаков член со сите сојузници. Вие сте важен но и доверлив член на трансатланската заедница. Кога Југославија се распадна со колапсот на комунизмот, вашата држава беше единствена која што се здоби со независност, без да биде пролеана ни капка крв. Тоа е огромно достигнување и е пример за другите, рече Столтенберг.

Република Северна Македонија е ценет сојузник на НАТО. Навистина ве цениме и многу ги цениме вашите придонеси кон нашата Алијанса. НАТО може да се потпре на Северна Македонија, а Северна Маке

Тој посочи дека безбедноста на Западен Балкан е од суштинско значење за НАТО и, како што рече, тука има причини за загриженост.

-Во Бих се појавија тензии и тука ги охрабрувам политичките лидери да се воздржат од поделбени и сецесионистички реторики, и наместо тоа да ги концентрираат своите напори на помирување и на мирна иднина. Во Косово неодамна видовме инциденти со сериозно насилство. Белград и Прштина мора да се впуштат во дијалогот којшто е олеснет од ЕУ затоа што тоа е единствениот начин да се дојде до решението ќе ги почитува правата на сите заедници, порача Столтенберг на прес-конференција во Владата.

Премиерот Ковачевски од своја страна истакна дека Северна Македонија како членка на НАТО продолжува да вложува во јакнење на капациеттите во задржување и јакнење на статусот на сојузник од доверба во Алијансата.

-Како најмлади членки се посветивме и ја постигнавме воената интеграција од било која претходна земја-членка која се приклучила на Алијансата. Изминатава година особен фокус ставивме на нашето јакнење во справувањето со хибридните закани и сајбер одбраната, за што морам да се заблагодарам на МО и на МВР кои што во соработка со НАТО ја имаат целосната поддршка од нашите сојузници во овие големи предизвици кои ги имавме на почетокот на годината, истакна Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *