Се загрева предизборието, партиите допрва ќе договараат датум за претседателските и парламентарните избори

Деновиве полека влегуваме во предизборно расположение. Според последните изјави на политичките актери во земјата, наскоро би можеле да имаме и официјална информација дали во првата половина од 2024 година ќе имаме претседателски и парламентарни избори во еден термин или изборите ќе бидат со разлика од неколку месеци. Она што исто така се забележува е менување на реториката кај претставниците на политичките партии.  

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски вчера рече дека неговата партија ќе излезе со свој став во однос на тајмингот и моделот за изборите.

Уставните измени се токму за продолжување на европскиот пат на државата. Сега зависи исклучиво од нас. Сега зависи од тие 120 пратеници во Собранието. И ако ме прашате дали има доволно пратен

-Во однос на изборите, на тајмингот и во однос на моделот дали одвоени или заеднички тоа ќе биде одлучено на заедничка средба меѓу сите политички партии што учествуваат во овој изборен циклус. Различни партии имаат различно гледање во однос на законските обврски во однос на трошоците кои произлегуваат, но сметам дека пред нас имаме доволно време за да договориме се како што е потребно за да Македонија го продолжи својот пат кон градење на исклучително ниво на демократско општество, рече Ковачевски.

Истакна дека СДСМ како водечка партија во Коалицијата, ќе излезе и со свој став и тој ќе биде хармонизиран со сите и, како што рече, ќе можеме да одиме на избори во 2024 година.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за утревечер најави нов протест во Скопје преку кој, како што наведе во објава на Фејсбук, ги повикува граѓаните да протестираат против н

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повтори ставот на партијата за организирање на претседателски и парламентарни избори во ист ден.

Најави дека ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата наскоро ќе ги објават кандидатите носители на изборните листи за претстојните парламентарни избори.

-Се уште официјално не сме ги определиле носителите на изборните листи, иако јас сам за себе се претставив како потенцијален носител на листата кандидати за пратеници во изборната единица број 1. Набргу од денеска, јавноста ќе ги знае носителите на останатите изборни единици. Ние, исто така се подготвуваме за конвенцијата за избор на претседателски кандидат зад кој ќе застанат ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, истакна Мицкоски.

На денешната прес конференција од седиштето на ДУИ, Бујар Османи, ја презентираше новата телефонска Платформата, со која на сите граѓани на Република Северна Македонија, ќе им се пружи поддрш

-Во ДУИ преовладува мислењето за одржување парламентарни избори истовремено со претседателските. Партијата се уште нема официјален став во однос на ова прашање, но се прават координации на дневна основа и сите опции се отворени, истакна министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи. Османи нагласи дека за ДУИ, сепак, се прифатливи двете варијанти.

-Во ДУИ преовладува малку ставот дека, заради логиситички, финансиски и административни причини, треба можеби заедно да се оди. Но, нема се уште утврден став бидејќи не заседавале официјално телата на партијата. Јас очекувам во текот на месецот да се завршат тие состаноци, но сепак преовладува мислење дека на три месеци, два изборни циклуса, премногу ќе ја чинат државата. Не само финансиски, туку системот се парализира, рече тој.

Околу претседателскиот кандидат, Османи рече дека ДУИ се уште нема прецизирано дали ќе настапи со свој.Потенцира дека ги разгледуваат двете варијанти и ќе се позиционираат во зависност од тоа дали ќе има заеднички избори.

-Доколку изборите се заеднички, почеток на јануари влегуваме во последните 100 дена и очекувам тогаш да имаме премиер предложен од ДУИ. Доколку е другото сценарио, тогаш се други рокови, меѓутоа договорот останува. Со цела почит кон Битиќи, меѓутоа рековме дека мнозинската волја на Албанците мора да се одразува во институциите, вели Османи.

За опцијата за формирање концентрациска влада по изборите заради носење на уставните измени, Османи вели дека не е разговарано, но трите договори (Рамковниот, со Бугарија и Преспанскиот) за ДУИ се „црвените линии“. 

Потпретседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари на прес-конференција ја најави поддршката за кандидатите за градоначалници на политичката партија Движење Беса во вториот круг и ја

Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари синоќа го повтори ставот дека неговата партија е за одржување претседателски и парламентарнии избори во еден термин. Тој претходно кажа и дека последната одлука на партиското раководство е на претстојните избори да настапат самостојно. 

-Засега последната одлука на партиското раководство е на избори да одиме самостојно. Сепак оваа одлука треба да помине и на централното собрание што ќе се одржи до крајот на оваа година, некаде во декември. Дефинитивно, Алијанса за Албанците нема да оди со ДУИ со заеднички листи и тоа му го повторив на последната средба на Ахмети. Се подготвуваме за самостоен настап и го мобилизираме членството. Тоа е мој и став на претседателството, а дали ќе се смени, тоа ќе биде јасно по седница на највисокиот орган на партијата, рече Таравари.