САД и Европа предупредуваат дека антисемитизмот е во пораст на глобално ниво

Вашингтон е „длабоко загрижен поради драматичното зголемување на антисемитските инциденти“, изјави специјалниот претставник на САД за следење и борба против антисемитизмот, Дебора Липстад, додека претставник на ЕУ изјави дека антисемитизмот е „длабоко вграден расизам во европското општество“.

„Владите, органите на прогонот и групите на заедницата во Европа, Латинска Америка, Австралија, Јужна Африка, Северна Америка, Русија и на други места пријавија нагло зголемување на антисемитските инциденти, реторика и поттикнувања во последните три недели“, рече Липстад.  

Таа додаде дека Евреите биле малтретирани и нападнати во текот на октомври, но и дека имало хакерски напади на еврејски веб-страници, поврзувајќи ги тие инциденти со конфликтот на Блискиот Исток.

Директорот на Агенцијата за фундаментални права на ЕУ, Мајкл О’Флаерти, денеска изјави дека антисемитизмот е „длабоко вграден расизам во европското општество“ што претставува егзистенцијална закана за еврејската заедница на континентот и за основните цели на Европската унија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *