Дводневен Самит на ЕУ во Брисел 

Ситуацијата на Блискиот Исток, поддршката за Украина во справувањето со руската агресија, ревизијата на Повеќегодишната буџетска рамка на ЕУ, состојбата на европската економија, прашањата за миграцијата и азилот и теми поврзани со надворешните односи на блокот, ќе бидат во фокусот на Самитот на Унијата, што денеска и утре ќе се одржи во Брисел. 

Како што наведе претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во поканата до шефовите на држави или влади на членките на ЕУ за учество на Самитот, овој состанок се одржува во време на голема глобална нестабилност и несигурност, дополнително влошени од случувањата на Блискиот Исток, кои бараат „итно внимание“ на Унијата, но при тоа не треба да ја одвлекуваат од нејзината континуирана поддршка за Украина.  

Според Мишел, како што јави дописникот на МИА од Брисел, одговорност на членките на Унијата е да останат обединети и кохерентни и да дејствуваат во согласност со вредности утврдени со Договорот за формирање на ЕУ. 

Осврнувајќи се случувањата на Блискиот Исток, кои прераснаа во отворен конфликт по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, Мишел оценува дека состојбата во регионот претставува трагедија и дека влошената хуманитарна ситуација во Газа предизвикува сериозна загриженост. 

– Очекувам уште еднаш најсилно да ги осудиме бруталните и неселективни терористички напади на Хамас врз Израел и да го признаеме правото на Израел да се брани во согласност со меѓународното право и меѓународното хуманитарно право. Исто така, ќе го повториме нашиот повик за итно и безусловно ослободување на сите заложници, наведе Мишел во поканата. 

Тој наведува дека лидерите на ЕУ ќе треба да разговараат за како итно да обезбедат ефективна испорака на хуманитарна помош и пристап до најосновните потреби на жителите на Газа, додавајќи дека Унијата мора да се вклучи во „обединет и кохерентен фронт“ со своите партнери за да се избегне опасна регионална ескалација на конфликтот.  

– Повторното започнување на мировниот процес заснован на решението за две држави е единствениот пат напред, истакнува Мишел, додавајќи дека Европскиот совет треба да се осврне и на ефектите од конфликтот на Блискиот Исток врз ЕУ, особено на неговите импликации врз кохезијата на европските општества и безбедност, како и врз миграциските движења. 

Во најавата за Самитот, се потсетува дека Советот на ЕУ на најостар можен начин го осуди „бруталниот и неселективен терористички напад на Хамас врз Израел и трагичните сцени кои се одвиваат во Појасот Газа“, го призна правото на Израел да се брани во согласност со меѓународното хуманитарно право, го повика Хамас веднаш да ги ослободи сите заложници, апелираше на обезбедување итна хуманитарна помош за Газа и изразија подготвеност да ги поддржи цивилите во Појасот во координација со партнерите. 

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска  ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, каде ќе има средби со високи претставници на земјава, на кои се очекува да се разг

Во однос на Украина, Мишел посочува во поканата посочува дека ЕУ ќе продолжи со „непоколеблива поддршка“ за земјата онолку долго колку што е потребно.  

– Меѓу различните аспекти на нашата помош, би сакал да се осврнеме на посебните начини за забрзување на испораката на воената поддршка, на нашите планови за користење на блокираните руски средства и на интензивирање на нашиот дипломатски напор за да обезбедиме најширока меѓународна поддршка за сеопфатен, праведен и траен мир, наведува Мишел. 

Во најавата за средбата се посочува дека Европскиот совет ќе се осврне на најновите случувања во „руската агресивна војна против Украина“ и континуираната поддршка на ЕУ за земјата, вклучувајќи и финансиска, воена и хуманитарна поддршка. 

– ЕУ цврсто стои зад Украина и нејзиниот народ и ќе продолжи силно да ги поддржува онолку долго колку што е потребно. Досега ЕУ и нејзините земји членки обезбедија над 82 милијарди евра за Украина, се додава во најавата. 

ЕУ смета дека Русија се обидува „де факто да интегрира“ делови од источна Украина преку „нелегитимни избори“ и издавање пасоши на локалното население, објави агенцијата Блумберг, повикувајќи

Според Мишел, ова заседание на Европскиот совет ќе биде можност лидерите на членките на ЕУ да дадат насоки за ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) на Унијата за периодот 2021-2027 година, со цел брзо постигнување договор за измените.  

– Следејќи го принципот дека ништо не е договорено додека се не се договори, треба критички да ги погледнеме нашите најитните потреби, да ги идентификуваме нашите приоритети и да одлучиме како да ги финансираме, смета Мишел. 

Главен приоритет во Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ 2021-2027 беше финансирање на програми и акции поврзани со зелената и дигиталната транзиција на Унијата, но од нејзиното усвојување во 2020 година, блокот се соочи со неочекувани предизвици поттикнати од руската агресија врз Украина, кои доведоа со раст на инфлацијата и на каматните стапки. Со цел, прилагодување на буџетската рамка на новонастаната состојба, Европската комисија во јуни достави три законски предлози за зајакнување на Буџетот на ЕУ, по кои лидерите ќе разговараат на овој Самит и се очекува да дадат насоки за среднорочната ревизија, за покривање на најитните потреби, како за финансирање на идните приоритети. 

Вториот ден од вонредниот лидерски состанок на ЕУ во голем дел ќе биде посветен на иднината на заедничката одбрана на ЕУ, но и безбедноста на храната во контекстот на војната во Украина, јави

– Ќе продолжиме и со дискусијата за нашата економија и конкурентност. Би сакал да разговараме кои мерки да ги преземеме за да обезбедиме долгорочен просперитет. Конкурентноста на ЕУ секогаш напредуваше на нејзината отворена пазарна економија со единствениот пазар во неговото јадро. Сега треба колективно да се позиционираме во свет во кој другите меѓународни актери и партнери во голема мера ја субвенционираат нивната индустрија и компании, наведува Мишел во поканата до лидерите за учество на средбата. 

Предвидено е на ова заседание на Европскиот совет да продолжат дискусиите од Самити во март и јуни годинава за мерките за создавање на робусна економија за иднината, која ќе обезбедува долгорочен просперитет. Во овој контекст, ЕУ има за цел да ја зајакне својата индустриска политика, да го зајакне својот единствен пазар и да ја намали зависноста од стратешките суровини. 

На Самитот е предвидено и одржување на стратешка дискусија за миграцијата, како продолжение на дебатата започната на неформалниот состанок на Европскиот совет во Гранада на почетокот на месецов, како и оценка на преземените чекори по тој собир одржан по состанокот на Европската политичка заедница. 

Во делот на темите на Самитот поврзани со надворешно политичките прашања, главен фокус ќе биде ставен на состојбите во регионите на Сахел и на Јужен Кавказ, но односите Приштина-Белград. Во тој контекст најавено е доаѓање на српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти во Брисел на „серија индивидуални средби со одредени лидери на Унијата“.  

Потпретседателот на Демократскиот сојуз на Косово, Љутфи Хазири изјави дека косовскиот премиер Албин Курти првите разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги води следниот месец

Како што најави вчера портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано, целта на овие средби е да се даде поддршка на напорите за продолжување на разговорите меѓу Белград и Приштина, но и да им се пренесе пораката дека Унијата од двете страни очекува целосна и безусловна посветеност на исполнување на преземените обврски, работење на деескалација на состојбата и безусловна обнова на дијалогот. Стано додаде дека не е предвидена средба меѓу Вучиќ и Курти за време на нивниот престој во Брисел.  

На маргините Советот на ЕУ, предвидено е одржување и Самит на членките за Еврозоната, на кој ќе присуствуваат и претседателите на Европската централна банка и на Еврогрупата, Кристин Лагард и Паскал Донаху.  

На овој Самит предвидено е да се разговара за економската и финансиската состојба во Еврозоната, за континуираната координација и управување со макроекономски политики, за напредокот постигнат на пазарот на капитал и во врска со Банкарската унија, како и за започнатите активност околу дигиталното евро. 

Европскиот совет или Советот на ЕУ го сочинуваат шефовите на држави или влади на членките на блокот, поради што и неговите заседанија неформално се нарекуваат Самити на Унијата. Ова тело не е една од законодавните институции на ЕУ и не ги усвојува легислативните акти на блокот, но ги дефинира политичките насоки и приоритети на Унијата, донесува заклучоци и ги утврдува мерките за спроведување на прашањата од интерес на ЕУ. По функција, негови  членови се и претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *