Мицкоски се сретна со италијанскиот амбасадор Ромео

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски (27 март 2018та година) оствари средба со амбасадорот на Република Италија во Македонија, Карло Ромео.

Мицкоски на средбата го запозна амбасадорот Ромео со видувањата за политичката состојба  и економските случувања во државата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека е сериозен проблем политичкиот прогон кој го спроведува власта кон политичките неистомисленици кој меѓу другото ја оддалечува државата од стратешките цели влезот на државата во ЕУ и НАТО.

На средбата се разговараше и за насилното носење на Законот за јазици кој е надвор од рамките на Уставот како и за неажурноста на Владата по однос на реформските процеси.

Законот за јазици преставува подривање на уставниот поредок, но и соживотот, и внесување на поделби во граѓанското ткиво на државата, времето потрошено на тоа, значи помалку внимание за клучните реформи кои треба да го направат животот на граѓаните поквалитетен, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски го информираше амбасадорот за загрижувачкиот застој во економијата кој се должи на недоволната посветеност и неспособноста на владата  да менаџира со државната каса.

На средбата се говореше и за понатамошно продлабочување на пријателството и соработката помеѓу двете држави како и интеграциските процеси. Мицкоски истакна дека стратешки приоритет на Република Македонија е членството на државата во ЕУ и НАТО, а на тој план Владата на СДСМ има неуспех во реализација на планот 369.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *