КАПЕЛО СЕ ВРАЌА ВО ИТАЛИЈА

Еден од најдобрите и најтрофејните тренери во историјата на фудбалот, Фабио Капело ќе ја напушти Кина и ќе се врати во Италија.

Имено, тој минатата сезона беше ангажиран за тренер на кинескиот тим Џиангсун Сунинг кој стартуваше со големи амбиции во првенството, но по два пораза и само една победа стана јасно дека првото место за оваа екипа е далеку. Накусо, Капело не ги оправда очекувањата на управата, па таа реши да му врачи отказ. Чашата ја преполни убедливиот пораз од просечната екипа Чонгдинг со 1-4, по што трпението на управата пукна.

Очигледно е дека кај Капело, кој е веќе во години нема ниту мотив ниту желба за докажување, па поради тоа тој реши да се врати во Италија каде што веројатно ќе стави крај на тренерската кариера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *