МАКЕДОНИЈА КАКО СТАБИЛИЗАТОР

Репрезентацијата на Азебејџан го загуби првиот пријателски натпревар против Белорусија со 0-1, со што дојде до мал психолошки пад кај фудбалерите. Денешната средба со Македонија треба да биде искористена за враќање на стабилноста на екипата, а тоа е можно само ако се победи Македонија. Но, селекторот на Азербејџан, Гурбан Гурбанов иако оптимист е и доста внимателен.

-Поразот од Белорусија предизвика мали психолошки проблеми во нашата екипа и само со победа можеме да ја средиме работата. Македонија е посилна селекција од белоруската и ќе ни биде мошне тешко. Мораме да одиграме на високо ниво, а фудбалерите да покажат голема желба и знаење-вели Гурбанов.

Натпреварот меѓу Македонија и Азербејџан ќе се одигра вечерва во 18 ч. на “Мердан арената” во Белек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *