Ако има независно обвинителство и независен суд, тогаш Зоран Заев сигурно нема да биде премиер. После вчерашното сведочење во кое видовме јавно признание како Заев барал поткуп од едно евро за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата од метар квадратен, СДСМ нема кредибилитет да говори за борба против корупција.
Без разлика дали Обвинителството и судот ќе се ослободат од партиските стеги на СДСМ, Зоран Заев мора да покаже малку достоинство и да се повлече.
Македонија е заробена држава, а институциите се под целосна контрола на Заев и СДСМ.
СДСМ нема право да говори за правна држава. СДСМ го урниса правниот поредок во државата, 10 месеци ги тероризира неистомислениците и врши класичен политички прогон каков што не е виден во Македонија.
Македонија под раководство на СДСМ стана единствената држава во Европа во чии затвори се наоѓаат политички затвореници. Со секој монтиран случај по нарачка на Зоран Заев и СДСМ за неговите политички противници, Македонија е се по далеку од правната држава и демократско општество, а со тоа дефакто сме подалеку од нашата стратешка определба за членство во ЕУ и НАТО.