Телефонски разговор Османи – Лавров

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ, остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.

Како што денеска соопштија од МНР, министерот Османи се осврнал на предизвиците во регионот на ОБСЕ и ја повторил приврзаноста на Претседавањето на Северна Македонија кон почитување на темелните принципи и заложби на ОБСЕ.

– Во тој контекст, уште еднаш ја потенцираше неопходноста од прекин на агресијата, повлекување на руските воени сили од Украина и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, се наведува во соопштението од МНР.

Министрите Османи и Лавров, соопштуваат од МНР, размениле мислења за најактуелни прашања поврзани со функционирањето на ОБСЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *