пасовски во Доха: Интензивирање на безбедносната соработка со Катар

Интензивирање и унапредување на соработката во областа на безбедноста, борбата против тероризмот, борбата против организираниот транснационален криминал, технолошката и техничката соработка биле тема на денешната средба во Доха на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со неговото височество Шеик Абдулах Бин Насер Бин Халифа Ал-Тани, премиер и министер за внатрешни работи на Државата Катар.

– Потврдувајќи ги своите заложби за идна соработка, на оваа средба беше потпишано и Писмо за намера за безбедносна соработка помеѓу македонското и катарското МВР. Со Писмото за намера ќе им се овозможи на нашите кадри преку обуки и размена на искуства во различни области да се запознаат со системот за внатрешна безбедност на Државата Катар кој функионира на високо професионално ниво, се вели во соопштението од МВР.

Од Министерството посочуваат дека ова Писмо за намери ќе помогне во зголемување на безбедносната соработка, особено, како што велат, поради тоа што по отворањето на директната авионска линија Скопје-Доха е зголемен бројот на лица кои се движат од и во Македонија и Катар, но и имајќи ги предвид во глобалните безбедносни ризици и предизвици.

За време на престојот, министерот Спасовски и соработниците  ќе ги посетат и Националниот команден центар, Одделот за криминалистички истраги, Центарот за борба против трговија со дрога на Советот за соработка на земјите од Заливот, Националниот комитет за борба против тероризам, и ќе бидат остварени средби со нивните раководители.

4 thoughts on “пасовски во Доха: Интензивирање на безбедносната соработка со Катар

  1. Hey! Do you know if they make any plugins to assist with Search Engine Optimization?
    I’m trying to get my blog to rank for some targeted keywords but I’m not seeing very good gains.
    If you know of any please share. Thanks! You can read
    similar text here: Sklep internetowy

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *