Добредојде за новиот амбасадор на Полска во Северна Македонија, Кшиштов Гжелчик, напиша министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејсбук профил.

– Посветени сме на интензивирањето на македонско-полската одбранбена соработка. Споделуваме исти вредности и заедно даваме значаен придонес кон зацврстувањето на источното крило на Алијансата и колективната безбедност, објави Петровска.

Таа на фејсбук упати благодарност за континуираната полска поддршка за членство на Северна Македонија во Европската Унија.