САЛАХ НЕ САКА ВО РЕАЛ МАДРИД

Египетскиот репрезентативец и во моментов најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах нема да го напушти клубот до крајот на својата кариера.

Како што тврдат англиските медиуми, Салах ќе ја одбие понудата на Реал Мадрид, која ќе биде и тоа како богата, бидејќи сака да остане во Англија. Тој е убеден дека неговото место е во Ливерпул и дека со овој клуб ќе освои многу титули. Освен тоа, сака да влезе во историјата како еден од најдобрите фудбалери на клубот.

Се очекува летово, Флорентино Перес да излезе со висока понуда за него која според неговите зборови би била одбиена, а за возврат, доколку навистина се случи тоа, Ливерпул ќе му ја зголеми платата на 200 000 фунти неделно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *