ТРЕНИНЗИТЕ ЗАВРШИЈА, А СЕГА АЗЕРБЕЈЏАН

Репрезентацијата на Македонија ги заврши тренинзите на мини-турнејата во Анталија, каде што одиграа еден натпревар против Финска (0-0) а утре ги очекува дуел со Азербејџан.

-Драго ми е што сега во Македонија се размислува победнички и што сите очекуваат победа од нас. Нашата селекција покажа дека има добар квалитет и мислам дека во Лигата на нации ќе ги покажеме вистинските вредности. Дај Боже да се пласираме и на ЕП. Против Финска одигравме квалитетно, но не успеавме да победиме. Финците играа премногу затворено. Мислам дека против Азербејџан нема да биде така и дека ќе успееме да забележиме победа – изјави фудбалерот на Видеотон, Бобан Николов.

Натпреварот со Азербејџан ќе се игра утре на стадионот “Мардан арена”, со почеток во 18 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *