Дваесет и петтото првенствено коло во домашното првенство е на програмата во четврток во 15 часот, а во него ќе го нема вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер.
Имено, на барање на Вардар, ФФМ го одложи натпреварот за следниот месец. “Црвено-црните” во своето образложение наведоа дека во репрезентативните селекции, имаат осум репрезентативци, а ако се сметаат и Ерменците Барсегјан и Хамбарџумјан кои имаат обврсјки со репрезентацијата на Ерменија, им недостасуваат десет фудбалери.
Агендата на Вардар станува се понабиена, а и онака првенството ќе треба да се игра среда-недела.
Од друга страна, Вардар одамна не сметаше на првотимците, туку играше со младински состав, а од Хамбарџумјан, Јаневски се откажа уште пред неколку месеци.
Управата на Вардар продолжува да влече неразумни потези, особено сега кога распродаде се што вредеше од играчкиот кадар и кога титулата е одамна загубена.
Во другите четири натпревари се среќаваат: Работнички – А. Пандев, Силекс – Победа, Скопје – Шкендија, Ренова – Шкупи