Еден од најголемите ефаворити за освојување на ЛШ во женска конкуренција, унгарската екипа Ѓер, никако да заплови во мирни води.
На меѓународниот репрезентативен натпревар меѓу Норвешка и Хрватска, се повреди нивната најдобра ракометарка, Стине Бредал Офтендал. Така откако останаа без пикерот Алтхаус, им се повреди и Нора Морк. Па како тоа да не беше доволно поради повреда унгарките останаа и без една од најдобрите ракометарки, Сузана Томори, а сега и без Офтендал.
Се работи за повреда на скочниот зглоб, поради што најверојатно ќе мора да отсуствува од теренот меѓу 3 и 6 недели.
Единствена добра вест е што по повреда во тимот се враќа Едуарда Аморим, но и та е сеуште “ровита” по повредата здобиена на мундијалот во Германија.
Како да се повторува 2016 година кога повредите го препопловија тимот, па Ѓер не успера да влезе во Ф4.