„Но-Уи“ на Лидија Димковска во трка за наградата „Балканика“ за 2016

„Но-Уи“ на Лидија Димковска, издание на „Или-или“, ќе биде македонски претставник во трката за книжевната награда „Балканика“ за 2016 година. Одлуката ја донесе стручна комисија во состав проф. д-р Елизабета Шелева, проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска и проф. д-р Ермис Лафазановски.

Во нивното образложение се наведува дека „Но-Уи“ е роман-метафора за животот и смртта во кои заемно се проникнуваат фиктивното и фактографското, историјата и совремието, индивидуалните и колективните судбини, големите и малите наративи, домот и туѓината, црно-белата перцепција на стварноста и на човековото постоење воопшто.

– Овие универзални вистини се пренесени низ моќната, возбудлива и сугестивна нарација на Лидија Димковска, позната од нејзините претходни романескни остварувања, пишува меѓу другото во образложението.

Издавачката куќа „Магор“, која го организира изборот на претставник за „Балканика“ од Македонија, соопшти дека покрај книгата на Димковска, во најтесен избор влегле и „Круг“ на Димитар Башевски и „Бродот. Конзархија“ на Томислав Османли.

Во националниот избор за претставник за наградата „Балканика“ од издавачките куќи и од самостојно публикуваните автори биле пријавени  14 книги: „Се буди ѕверот“ на Велко Неделковски;  „Ананка“ на Јусуф Сулејман; „Шех Вардар“ на Ленче Милошевска; „Се гледаме наскоро. Е.“ на Драгана Евтимова и Владимир Лукаш;  „Афоризми“ на  Ефтим Гашев; „Јас и Лин, отпосле“ на Ана Стојаноска;  „Војвода Ставре Гогов – јунак и легенда“ на Мате Гогоски; „Доилката“ на Лилјана Пандева; „Војници со гумени чизми“ на Ивица Челиковиќ; „Враќањето на козите“ на Луан Старова; „Три новели“ на Тања Урошевиќ; „Бродот. Конзархија“ на Томислав Османли; „Круг“ на Димитар Башевски и „Но-Уи“ на Лидија Димковска.

Оваа книжевна награда постои од 1996 година. Во Фондацијата „Балканика“ членуваат издавачки куќи од седум балкански држави (Македонија, Србија, Албанија, Бугарија, Грција, Турција и Романија). За наградата одлучува седумчлена меѓународна стручна комисија, составена од по еден врвен книжевен критичар од секоја држава.

Годинава во една книжевна манифестација, во декември во Скопје,  ќе се одржат две жирирања и доделувања на наградата Балканика 2015 и Балканика 2016.

One thought on “„Но-Уи“ на Лидија Димковска во трка за наградата „Балканика“ за 2016

  1. Wow, wonderful weblog format! How lengthy have you been blogging
    for? you make running a blog glance easy. The entire look of
    your website is fantastic, let alone the content!
    You can see similar here dobry sklep

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *