Ескобар, Агелер и други американски дипломати со честитка за Денот на македонскиот јазик

Заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, амбасадорката Анџела Агелер и други американски дипломати денеска преку видео порака упатија честитка по повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај.

– Честит Ден на македонскиот јазик! Дали знаете дека некои американски дипломати учат македонски јазик пред да дојдат во Скопје? По повод овој ден, ги замоливме нашите колеги и волонтерите на Мировниот корпус на САД да кажат неколку македонски поговорки по нивен избор. Еве што избраа, пишува во пораката објавена на ФБ на Амбасадата на САД.

Во видеото американските дипломати, покрај честитиките, на македонски јазик кажуваат популарни поговорки и поуки од македонската историска, народна и културна традиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *