Во САД реакции за упадот на изложбата на македонски уметник во Солун

За упадот на претставници на неонацистичко движење на изложбата во Солун на македонскиот уметник Сергеј Андреевски денеска објавија неколку новински агенции и американски медиуми како порталот Баронс и телевизијата Ен-би-си, а Обединета Македонска Дијаспора, организација што ги претставува Македонците во светот со седиште во Вашингтон, излезе со соопштение за осуда на овој немил чин.

-Ова не се обични напади на безумно насилство. Ова се таргетирани, оркестрирани чинови на расна омраза со јасна агенда, изјави Гордан Јорданов, директор на ОМД за Европа.

Се додава дека „овие акции не само што рефлектираат презир за разбојниците кои што ги спроведија, туку и за секоја грчка агенција, секој полициски службеник, и секој политичар кој ги отфрлува како оправдани бидејќи целта беше од Македонија“.

ОМД повикува на итен одговор од страна на Владата на Грција и целосна истрага, „кога се забележува зголемувачки тренд на насилство“.

-Секое одбивање да се стори тоа станува државно спонзорирано насилство против Македонците и меѓународен инцидент, рече Јорданов.

ОМД бараат од грчката Влада и од сите државни агенции да ги најдат и казнат лицата кои ја извршија „оваа гнасна и незаконска активност“. Владата мора да обезбеди за секој етнички Македонец и посетител, целосна заштита согласно законот, се вели во реакцијата на ОМД.

Изложбата што требаше да трае до 29 април е прекината откако група од десетмина максирани лица, членови на младинското крило на неонацистичкото движење  „Златна зора“, влегоа во општинската галерија „Ремезо“ во Солун ги прунидија организаторите да ги симнат сликите и го запечатија локалот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *