Пендаровски утре домаќин на претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу

Претседателот на државата Стево Пендаровски, утре ќе биде домаќин на претседателката на Република Косово Вјоса Османи-Садриу, која ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателката Османи-Садриу, како што е најавено, по пречекот со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во кабинетот на претседателот, ќе има тет-а-тет средба со Пендаровски, а предвиден е и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и на Косово.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје Пендаровски и Османи-Садриу, ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

За време на официјалната посета, косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата Димитар Ковачевски, а ќе се обрати на свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *