Началникот на генералштабот на Армијата Васко Ѓурчиновски во посета на албанските вооружени сили

Началникот на генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, од денеска до среда, ќе престојува во работна посета на вооружените сили на Албанија.

– Во рамки на посетата, генералот Ѓурчиновски покрај средбата со својот домаќин, началникот на генералштабот на албанските вооружени сили, бригаден генерал Арбен Кингји, ќе оствари средби со министерот за одбрана Нико Пелеши и претседателот на Албанија Бајрам Бегај, информираат од Генералштабот.

За време на престојот во Албанија, генералот Ѓурчиновски ќе ја посети и командата на копнената војска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *