Лога на средба со копретседателот на ОМО Илинден Пирин се информира за статусот и правата на Македонците во Бугарија

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин, на која беше информиран за статусот и правата на Македонците во Бугарија, соопшти Министерството за правда.

Стојков изрази благодарност до Лога за неговиот интерес за правата на Македонците во Бугарија и посочи дека тој е првиот министер за правда кој ги повикал на разговор, стои во соопштението.

-Се дискутираше и за годишниот извештај на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во кој е посочено дека Република Бугарија не ја спроведува пресудата за основните човекови права на слободно здружување која  ОМО Илинден Пирин не може да ја реализира  и да се регистрира.За неспроведувањето на 14-те пресуди на судот во Стразбур во корист на Македонците во Бугарија ќе бидат информирани и меѓународните фактори, додаваат од Министерство за правда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *