Во Владата на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи работен состанок во рамки на континуираното мониторирање на прогресот постигнат од страна на институциите вклучени во борбата против корупцијата, односно исполнувањето на препораките наведени во Извештајот од Европската комисија за 2022 година и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за 2021-2025.
На отворениот дел од овој состанок, како што најавија од владината прес-служба, воведни обраќања ќе имаат: Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење и Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.