Османи од Рим заминува во Брисел на НАТО министерски состанок

По министерскиот состанок за Западен Балкан во Рим, министерот за надворешни работи, Бујар Османи продолжува на НАТО министерски состанок што ќе се одржи денеска и утре во Брисел.

Од МНР информираа дека во фокусот на разговорите ќе биде поддршката на политиката на Отворени врати на НАТО, што се потврдува со пристапувањето на Финска како 31-ва земја членка на Алијансата.

– Воедно, ќе стане збор и актуелните безбедносни предизвици, поддршката за Украина, како и последиците од руската воена агресија. На состанокот ќе се трасира патот за следните подготовки за претстојниот НАТО Самит во Вилнус, а ќе бидат разгледани и начините за унапредување на соработката со партнерите, со цел заеднички да се одговори на заканите и предизвиците со кои се соочуваат НАТО членките, се наведува во соопштението од МНР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *