Министерот Спасовски во работна посета на Словенија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе престојува во работна посета на Словенија, каде во Порторож ќе учествува на 11. Неформален состанок на министри за внатрешни работи во рамки на Брдо Процесот.

Како што соопшти МВР, на маргините на Конференцијата Спасовски ќе има билатерален состанок со неговиот словенечки колега Боштјан Покљукар, а на покана на Меѓународниот институт ИФИМЕС, во Љубљана ќе учествува и на тркалезна маса на тема „Како Западен Балкан да биде подобар и попросперитетен – сигурносен аспект“.

Во попладневните часови Спасовски ќе ја посети Македонската православна црква „Богојавление Водици” во Копер, каде ќе се сретне со претставници на македонската дијаспора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *