Ван дер Белен ќе се обрати пред Парламентот

Сојузниот претседател на Република Австрија Александер ван дер Белен во рамки на официјалната посета на Северна Македонија денеска ќе се обрати пред пратениците во Собранието.

Австрискиот претседател на покана на шефот на државата Стево Пендаровски, престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Покрај со неговиот домаќин, тој денеска ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со премиерот Димитар Ковачевски.

Австрискиот претседател, во земјата допатува во придружба на неговата сопруга Дорис Шмидауер.  

Како што соопштија од кабинетот на шефот на државата, Ван дер Белен ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во вила „Водно“, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Австрија.

Според агендата за посетата, двајцата претседатели треба да се обратат на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу Северна Македонија и Австрија“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *