Професорот Спасе Терпо од Пустец со свои сили изгради етнографски музеј

Она што локалната власт со години не можеше да го направи, успеа да го направи сам еден човек. Тоа е Спасе Терпо, професор по историја во Пустец, кој во својата куќа го отвори единствениот етнографски музеј во Преспа, ја почнува Еуроњуз Албанија, репортажата посветена на Спасе, чиј предизвик бил да им се покаже на туристите кои доаѓаат во посета на Пустец парче од македонската историја во Мала Преспа.

 -Ова е единствениот етнографски музеј на нашите простори, создаден од мене и моето семејство. Идејата произлезе од тоа што ние сме старо семејство и имавме многу стари предмети од нашата област и носии, а имајќи многу туристи од различни земји, решив во дел од мојата куќа да го ставам целиот овој мебел, предмети и носии каде што се расплетува нашата култура и традицијата на нашите предци, вели Спасе.

Нагласува дека немал помош од државата и дека сето ова е негово дело и на неговото семејство.

-На почетокот го создадовме јас и моето семејство, без ничија помош, дури ни од државата или некоја друга организација, а сите овие работи, некои ги имав, а другите ги купив од мои роднини, продолжува тој.

Фото: ФБ на Спасе Терпо

Според телевизијата во „внатрешноста на музејот може да се најде речиси се за начинот на живеење од претходните векови на оваа албанско-македонска територија“.

-Музејот има два важни дела. Еден дел е повеќе етнографски, каде се претставени предмети, носии или како живееле нашите предци, од 19-20 век. Ова е делот што туристите го претпочитаат и го гледаат повеќе. Другиот дел е делот на комунизмот, делата на диктаторот, покуќнината и работите од тоа време, наведува Спасе.

Според професорот по историја, државата не прави доволно за промоција на културата и историјата на овие простори.

-За да се врати вниманието на традициите, требаше претходно да преземеме чекори, бидејќи повеќето предмети денес, дури и на нашите простори се фрлени и искршени и е многу тешко да се соберат. Мислам дека во иднина нешто ќе се направи од причина што тоа е традицијата и културата што покажува кои сме биле и кои сме, нагласува тој.

Репортажата телевизијата ја завршува со констатацијата дека „ова е пример за професионален човек кој решил тивко, но со големи дела да придонесува за својата област“.

One thought on “Професорот Спасе Терпо од Пустец со свои сили изгради етнографски музеј

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *