ИНФОРМАТИВНИТЕ ГЛАСИЛА ВО АВСТРАЛИЈА СЕ ЗНАЧАЕН ИЗБОР ЗА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА (6)

КАТИН 

Преку информативните гласила во новите средини Македонците ги збогатуваат своите национални вредности со помош на културните институции во новите средини и на тој начин го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвото, меѓу кои се следните:

            15. “Информативен документ” (1973).  Ова е специјално издание на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија. Отпечатено е на 12 страници, на македонски со кирилица, на формат 28 х 42 см., во Мелбурн, во декември 1973 година, а го уредиле членови на МПЦО “Св. Ѓорѓи”.  Всушност, ова информативно гласило е збир на документи во врска со поделеноста во македонската колонија во Мелбурн. На насловната страница е поместена фотографија од св. Климент Охридски и голем број пароли со патриотски карактер.

Исто така, во овој број на “Информативен документ” е поместен опширен текст во врска со Проект-текстот на Уставот на Македонската православна црква, во кој  во точката 23 стои: “Секој православен христијанин кој ќе биде признат како таков, како член припаѓа на оваа парохија на чие подрачје живее. Парохијанин кој не е државјанин на СР Макецонија може да биде избран во органите и телата на Македонската православна црква само по посебна одлука.

16. “Билтен” (1973).  Овој “Билтен” е издаден од Македонската православна црква “Св. Пророк Илија” од Фуцкрај, а по повод македонскиот пикник одржан на 22 декември 1973 година во гисоборн. “Билтенот” е печатен на 4 страници (12 х 33 см.) и содржи опширни информации и други текстови за одржувањето на Македонскиот пикник.

Втората и третата страница се резервирани за активностите на црковната управа “Свети Пророк Илија”, односно културно-забавниот живот и идните планови за работата и за црковно-национални активности.

17. “Македонски живот” (1974-1975).  Гласилото за првпат се појави во Престон, Викторија, во април 1974 година како месечник, а како весник на Макецонците во Австралија. Тој е орган на македонските православни црковни општини “Св. Илија” од Фуцкрај и “Св. Никола” од Престон. Во почетокот весникот е печатен на македонски јазик со латиница, а потоа со кирилица, секој 15-ти во месецот, на 12 страници, на формат 30 х 41 см.

Во втората година од печатењето на весникот “Македонски живот” како вонредно издание за 1975 година се појавил бројот десет. Тој е печатен на 1 јануари и е посветен на свеченото отворање на МПЦ “Св. Илија” во Фуцкрај, на чија манифестација присуствувале околу 1.500 души.

1djop1234567

18. “Македонски општински весник” (1975-1976).  Ова издание на Македонската општина од Перт, Западна Австралија е регистрирано како периодично издание. Првиот пброј е отпечатен како двоброј за април-мај 1975 година, чија цена е 5 центи. тој е отпечатен на 4 страници на голем формат 30 х 45 см. во компанијата “Сервис принтинг”, а главен и одговорен уредник е Крис Ангелковски.

Вториот број на “Македонски општински весник” е отпечатен во август 1975 година, на ист формат, а на 8 страници.

Како двоброј за април-мај 1976 година  е отпечатен бројот четири, кој е последен број од весникот. Тој го задржува истиот формат, и е печатен на 6 страници.

19. “Илинденски весник” (1975-1980).  “Илинденски весник” беше гласило на Македонско-австралиското културно-уметничко друштво “Илинден” од рокдеил, а започна да се печати во јули 1975 година. Првиот број излење по повод илинденските празници. тој ;е печатен на македонски јазик со латиница и на англиски јазик. Првиот број од овој весник е печатен на 24 страници, голем формат 20 х 43 см., што го задржа и во наредните броеви.

Вториот број од “Илинденски весник” е отпечатен во октомври 1975 година, на голем формат, 29 х 43 см со латиница и на 24 страници. Бројот 14 датира од април 1980 година, а е отпечатен на 16 страници. Тој е исполнет со текстови од други гласила и со мал број информации за активностите од македонските заедници. Се чини овој е последен број на “Македонски весник” од Сиднеј.

20. “Приказ за македонското национално прашање” (1975).  Ова е специјално издание на Централниот комитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и на весникот “Македонска нација”. тое е печатено во декември 1975 година на англиски јазик, на 24 страници во форма на списание 21 – 29 см.

21. “Билтен” (1975-1976).  Тој е орган на МПЦО за Мелбурн и Викторија “Св. Ѓорѓи”. Се печати на македонски јазик со латинично писмо, на четири страници на формат 21 х 31 см. Првиот број се појави во 1975 година, по повод Новата 1976 година и Божиќ, во кој е поместена честитката од Управата на црквата.

Наредната година, 1976, пред новогодишните и божиќните празници, а по повод првата богослужба во манастирот “Св. Климент Охридски” одржана на 2 јануари 1977 година, отпечатен е уште еден број на “Билтенот”. На тој ден, се вели во ова гласило,; се планира да се одржи сенароден пикник на кој се поканети сите Македонци од тој дел на демократска Австралија, а изградбата на манастирот, како што е назначено, е дело на сите благочестиви Македонци, за што им се изразува благодарност.

Прололжува

1djop1234566 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *