Пролетно собрание на младите европски федералисти

Во Собранието на РМ од денеска до недела ќе се одржи пролетното Федерално собрание на ЏЕФ Европа, во организација на здружението Млади европски федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија) во соработка со паневропското младинско и политичко движење на младите европски федералисти (ЏЕФ Европа).

ЏЕФ Македонија во април минатата година беше избран за домаќин на овогодинешното пролетно Федерално собрание, што претставува клучен политички настан на ова движење.

Република Македонија и Градот Скопје за првпат ќе бидат домаќини на еден ваков настан, на кој се очекува да учествуваат околу сто млади луѓе од речиси 30 европски држави, соопшти ЏЕФ Македонија.

Во рамки на ова Федерално собрание, предмет на усвојување ќе бидат неколку политички резолуции на одредени клучни социо-политички и економски прашања на европско ниво, кои потоа ќе бидат испратени на разгледување до и застапувани пред институциите на Европската Унија.

Собранието, меѓудругото, има за цел да испрати силна порака дека Република Македонија е неизоставен дел од Европа и поради тоа заслужува да биде дел од европското семејство на народи и држави.

Во рамки настанот исто така е планирана е улична акција со учесниците на Федералното собрание, што ќе се одржи во недела. Акцијата е замислена како мирен марш низ центарот на градот, преку која ќе се испрати порака за европското единство и поддршка за евроинтеграциските процеси на РМ и државите од Западен Балкан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *