Димитров : Слеано име на македонски и без превод, не е најдобиот правец

Слеано име на македонски јазик и без превод, не е најдобриот правец во разговорите, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес конференцијата, одговарјќи на новинарски прашања.

-Сегашната референца Поранешна Југословенска Република Македонија го содржи името Република Македонија и тоа е преведено на шестте официјални јазици во ОН. Тешко е да му кажам на мојот народ дека сложено име со некаква одредница, заедно со името Макеоднија, во еден збор, е добро решение, изјави Димитров.

Шефот на грчката дипломатија на прашањето зошто Грција инсистира на промена на македонскиот Устав, рече дека според праксата на европските уставни судови националните устави се над европското и меѓународното право.

-Затоа е потребно ова прашање да се разјасни, но тоа во моментов не е тема, бидејќи сме на средина од преговорачкиот процес, изјави Коѕијас

За нацрт-спогодбите што си ги разменија Скопје и Атина, Коѕијас рече дека тоа се документи со кои треба да се разјаснат позициите на страните, а не да се отежни процесот. На крајот треба да добиеме еден текст што медијаторот Метју Нимиц ќе го преточи во договор и ќе го достави до Советот за безбедност на ОН, како потврда дека проблемот е решен, објасни шефот на грчката дипломатија.

На истото прашање Димитров објасни дека Македонија се залага за оддржливо решение кое ќе биде постигнато и прифатено од јавноста и граѓаните на двете земји.

-Наше е тоа да го понудиме и одбраниме. Иако застапуваме различни страни се обидуваме да постигне заедничка иднина. Историјата е важна, но не можеме да ја промениме, за разлика од сегашноста и иднината. Потребно е оддржливо решение што на двете страни ќе им овозможи да одат напред, рече Димитров.

Коѕијас, пак, рече дека е потребно праведно решение кое не се однесува на минатото, туку на иднината и ќе ги отвори патиштата и нема да создава проблеми во иднината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *