ПЕЧАТОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО ПРЕД ВТОРАТА СВЕТСКАВОЈНА (2)

   ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

Медиумите на Македонците во САД и Канада пред Втората светска војна биле заеднички со бугарската емиграција, меѓу кои, биле и следните:

“БОРБА” (1902). Прво информативно гласило во САД што го третирало ма­ке­дон­ското прашање бил весникот “Борба”, кој започнал да излегува од јануари 1902 година. Тоа е прв весник на македонската и бугарската емиграција во Аме­рика. До осмиот број бил орган на Македонско-одринското друштво, а по­тоа минал во рацете на Бугарите. Всушност, до осмиот број весникот “Борба” го поставувал ма­ке­дон­ското прашање, со основна теза за автономија на Ма­ке­­до­нија, додека по овој број преовладувале теми за Бугарија. Излегле 15 бро­ја, од кои по­след­ниот датира од 15 октомври 1902 година.

“МАКЕДОНИЈА” (1907-1910). Првиот број на овој весник излегол на 7 декември 1907 година, а последниот во август 1910 година, во Гранит Си­­ти, како орган на емиграцијата во Америка. Го издавало друштвото “Ма­ке­до­нија”.

“НАРОДЕН ГЛАС” (1907-1944). Весникот “Народен глас”, како дневен весник, е еден од најголемите заед­нич­ки весници на македонската и бугар­ска­­та емиграција во САД. До 1913 година, т.е. до шестата годишнина, из­ле­гу­вал еднаш, па двапати неделно, додека не станал дневник, издаван во Гранит Сити, а печатен во сопствената печатница.

МАКЕДОНСКА ТРИБУНА” (1927-). Весникот “Македонска три­буна” бил орган на Сојузот на ма­ке­дон­ските политички ор­га­низации во САД и Канада и се појавил во Индијаноплис, кој во по­четокот им слу­­­же­л на интересите на ре­­­­во­луционерното движење на македонскиот народ, за потоа да застане зад бугарската асимилаторска и дена­ционализаторска по­ли­ти­ка во Македонија и во светот.

“Македонска трибуна”, како орган на МПО излегува кон­тинуирано од 10 февруари 1927 година еднаш месечно. Од почетокот до деведесетите години од минатиот век се печати само на бугарски јазик, а денес на англиски ја­зик, со од­реден број текстови на бугарски и одвреме-навреме има преземе­ни текстови и на македонски ја­зик.

1mt2

1mt23

Ова гласило е со најдолг век на печатење во иселеништвото. Во своето 75-годишно постоење одиграло значајна улога во афирмирањето на целите и интересите на организацијата МПО и на бугарската пропаганда, И покрај тоа што весникот го носи атрибутот “македонски”, сепак е далеку од македонската вистина. Заради тоа, весникот го чита одредена категорија читатели и не е по­пуларен меѓу македонските доселеници, кои дошле во САД и Канада по Втората светска војна.

“МАКЕДОНИЈА” (1932). Тоа било списание посветено на македонското дви­же­ње за сло­бо­да и независност. Првиот број бил печатен во 1932 год., из­ле­гувало еднаш ме­сечно на англиски јазик, а го издавал Централниот комитет на македонските политички организации во САД и Канада.

македонски билтен” (бÁлетин) (1930). На 1 март 1930 година во САД се појавил “Ма­­­­­­­­­­­­­ке­­дон­­ски билтен”, од кој се от­печатени само три броја. Вес­никот бил ор­­ган на Иницијативниот ко­митет на организациите на ВМРО (о). “Ма­ке­дон­­­ски билтен” имал за цел да ги ин­фор­­мира доселе­ни­ци­те и ма­­кедон­ско­то пра­­шање од гледна точка на ВМРО (о). Таквиот однос бил осо­­­­бено из­­­ра­­зен во апелот до македонската еми­­грација, во кој се апе­ли­­рало тие да се бо­­рат против вр­хо­вистите и се по­ви­ку­ва­­ле Македонците на бе­ско­м­­про­­мис­­на борба про­тив братоубијците и нивните слуги.

“БАЛКАНСКО З(С)ДРУЖЕНИЕ” (1931-1934). По создавањето на Ини­ци­ја­тив­ниот ко­митет на независните прогресивни групи, во април 1931 година се одр­жал Првиот кон­грес на сите прогресивни македонски групи кои се обе­диниле во Македон­ски на­роден сојуз. Како резултат на будењето на ма­ке­дон­ската свест, на 1 јуни 1931 година се појавил весникот “ Балканско з(с)дру­же­ние”, како орган на Македонскиот народен сојуз во Америка чие седиште би­ло во Детроит (како продолжение на “Ма­ке­дон­ски билтен”), а излегувал до 1934 година.

“СОЗНАНИЕ” (1932-1937). Овој весник бил орган на бугарската секција на Ко­му­нис­тичката пар­тија во САД, во која биле вклучени и македонските прогресивни доселеници. Се појавил на 15 декември 1932 година во Детроит, излегувајќи секој петок. Престанал да се печати на 29 октомври 1937 годи­на, а на негово мес­то почнал да излегува весникот “Народна волја”, како гласило на прог­ре­сив­ните бугарски и македонски емигранти во САД и Ка­нада.

“ТРУДОВА МАКЕДОНИЈА” (1934-1937). Еден од позначајните весници на Македонците во САД бил “Трудова Македонија”.Првиот број се појавил во Детроит во јули 1934 година како орган на МАНС и се печател до 30 октомври 1937 година. Мотото на весникот бил: “За правото на самоопределување на македонскиот народ, вклучувајќи го и правото да се оддели во самостојна политичка единица; за слободна Македонија на трудбениците!”

“НАРОДНА ВОЛЈА” (1938-1944). Првиот број на овој весник излегол во Детроит во 1938 година. Се печател еднаш неделно на кирилица, а голем број материјали се пе­чатени во постојаните рубрики на англиски јазик. По кон­сти­туирањето на На­родна Република Македонија бројни текстови се печатени на македонски ли­тературен јазик. Весникот “Народна волја” излегувал како орган на МАНС с# до 1944 година.

“НОВО ВРЕМЕ” (1934-1944). Со основањето на Македонско-канадскиот народен сојуз (МКНС) во Канада, во Торонто во 1934 год. почнал да излегува весникот “Ново време”, како негов орган. Содржината на овој весник била идентична со онаа на весникот “Народна волја”, како што биле идентични и целите и задачите на МАНС во САД со целите и задачите на МКНС во Канада.

Прололжува

1sla3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *