Северна Македонија ќе испрати конкретна помош во Турција, најави Пендаровки

Северна Македонија нема да остане само на зборови, туку ќе испрати конкретна помош во Турција, најави денеска претседателот Ставо Пендаровски во врска со земјотресот што ја зафати оваа земја и во кој има голем број загинати и повредени.

 

Како што рече Пендаровски по денешната средба со својата унгарска колешка Каталин Новак, во Турција се случил уште еден земјотрес.

 

-Изразивме сочувство за земјотресот во Турција. Добивме информација дека има и втор земјотрес, многу жртви и ужасна деструкција. Сакам уште еднаш да испратам сочувство до сите погодени и да објавам дека македонската Влада и ние како држава нема да останеме само на зборови, туку ќе пружиме конкретна помош. Годинава треба да одбележиме шест децении од катастрофалниот скопскиот змејитрес и многу добро знаеме како е кога некои народи и држави се наоѓаат во слична ситација. Нашите мисли се со турскиот народ и турските граѓани, пред се со оние што ги изгубија своите најблиски, рече Пендаровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *