На 6 февруари 1945 година Гимназијата во Битола почна со настава на македонски јазик

На 6 февруари 1945 година, во битолската гимназија, прв пат во едно македонско средно училиште се одржа наставен час на современ македонски јазик и од тогаш до денес е топос во кој се образуваат низа генерации.

Во документацијата на гимназијата е нагласено дека одлуката за почеток на редовна настава на македонски јазик ја објавил првиот директор на гимназијата Орде Печијаре, а на свеченоста прв пат стиховите на Константин Миладинов „Т’га за југ“, „Бисера“, „Голапче“, како и стиховите на Кочо Рацин биле поздравени со силен аплауз.

Горната Гимназија, како што ја нарекуваат битолчани, од 1945 до 1952 година била именувана и работела под патронство на Гоце Делчев, а од 1952 година и денес е под патронство на Јосип Броз Тито.

Угледот и успесите на Гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола се потврдени со бројни награди, признанија и одликувања кои ги освоиле ученици кои станале инженери, лекари, професори, писатели, новинари, уметници, научници и истакнати личности во заедницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *