Русија сака конфликтот во Украина да заврши, но ќе одговори на испраќањето западно оружје во Киев, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Според Лавров, руските сили ќе реагираат на испраќањето западно оружје со долг дострел во Украина со истуркување на украинските сили подалеку од нивните граници.
На овој начин Русија планира да создаде „безбедна тампон зона“.
Во интервју за руската државна телевизија, Лавров изјави дека „сите би сакале конфликтот во Украина да заврши, но поддршката на Западот за Киев игра важна улога во тоа како Русија ќе се позиционира“.
Русија на 24 февруари лани ја почна инвазијата врз Украина, а Западот на почетокот на војната одговори со испраќање оружје и пари за да може таа да се одбрани.
Wonderful analysis! Your insights are very enlightening. For those interested in further details, here’s a link: DISCOVER MORE. Keen to hear your views!