Амбасадорката на САД очекува во следните месеци да бидат објавени листи за санкции

Прашањето не е дека САД ќе објават една листа и ќе кажат „тоа е тоа, ова се сите имиња“. Ова е долготраен и постојан разговор помеѓу американската Амбасада овде и Вашингтон и ширум Владата во Вашингтон. Има повеќе видови на листи за санкции, значи не постои само една и не станува збор дека се прави една листа и завршуваме. Бидејќи има постојана проверка за оние кои ние сметаме дека ги прекршиле правилата во поглед на очекувањата кои ги имаат САД за тоа дали да им дозволи влез во САД, или да се соочат со други видови на финансиски санкции, порача вечерва американската амбасадорка во земјава Ангела Агелер, осврнувајќи се на очекувањата за црната листа на САД за корумпирани лица.

Агелер во интервју за ТВ „Телма“ посочи дека некои проверки ги води Стејт департментот, некои Министерството за финанси, и други агенции исто така.

– Значи тоа е постојан разговор. Немам временска рамка бидејќи Вашингтон ќе ги објави кога ќе ги заврши истрагите и заклучоците. Тесно соработуваме во развојот на случаите. Моите очекувања се дека во следните месеци ќе видиме неколку имиња, но не знам која е точната временска рамка. Ќе повторам за да бидам јасна, тој разговор кој го водиме, кој јас го водам, кој мојот тим овде го води со Вашингтон, не бараме мислења на луѓе од оваа земја, и верувајте ми, откога дојдов овде, луѓе имаат пријавено многу, многу имиња во оваа Амбасада, на луѓе кои ги прекршиле правилата, и кои треба да бидат на некоја од листите за санкции. И ние секако дека ги разгледуваме тие, нагласи Агелер.

Амбасадорката побара трпение од страна на граѓаните и рече дека тие мора да сфатат дека станува збор за постојан процес.

– Знаете, ме прашуваат за листата, и пак ќе повторам, не постои само една, но тоа можеби е и можност за луѓето помалку да бидат фокусирани на една луста, туку повеќе да бидат фокусирани на видовите на активности и постапки кои би ставиле некој на листата. Мислам дека ова е можност за правосудството сериозно да се погледне себеси, дали сте судија, или обвинител, која и да е вашата улога, и да се запрашате „дали јас се однесувам, дали си ја извршувам работата со интегритет? Дали сум под влијание на други? Дали носам одлуки засновани врз законот?“ Мислам дека сите можеме да посочиме кон неодамнешни примери каде што не ни се чини нам, или на јавноста, дека тоа се случило. Значи продолжуваат да се појавуваат примери кои изгледаат многу сомнително, пак ќе повторам, не само на САД и на Амбасадата, туку и на обичните луѓе, кои сакаат да продолжат со своите животи знаејќи дека нивната влада, дека нивните политичари дејствуваат во најдобар интерес за нив. Во најдобар интерес за граѓаните, а не во нивниот личен најдобар интерес, на судијата, на обвинителот, или на било кој, наведе Агелер.

 

One thought on “Амбасадорката на САД очекува во следните месеци да бидат објавени листи за санкции

  1. Wow, amazing blog format! How long have you ever been blogging for?

    you make running a blog glance easy. The entire look of your website is magnificent, let alone the content material!
    You can see similar here sklep

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *