МАКЕДОНСКИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ ВО ГЕРМАНИЈА, АВСТРИЈА И ФРАНЦИЈА (33)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ВТОР ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

III. ГЕРМАНИЈА

Денес Македонците во Германија се организирани во три заедници: Македонска заедница за Северна, Средна и Јужна Германија. Седиштето на Македонската заедница е во Лацен и во неа се вклучени следните асоцијации: со име “Македонија” постојат клубовите во градовите: Берлин, Биелефилд и Бремен, со името “Гоце Делчев” во Берлин и во Вилхемшафен, со името “Јане Сандански” во Брауншвајг, “Илинден – 1903” во Хамбург и Лацен, “Никола Карев” во Оберкирхен, “Македонска Зора” во Офенбург, “Вардар” во Синделфинген, “Изгрев” во Сан Георген, “Св. Кирил и Методиј” во Улм, “Пелистер” во Елванген, “Малеш” во Манхаим, “Македонско сонце” во Карлсруе, “Скопје – Балкан” во Дозенхаин, “Александар Македонски” и други.

Во Германија постојат следните црковни општини:

1.”Св. Тројца” во Минхен

Македонците во Минхен започнале да се организираат на национално и културно спортско поле во 1972 година. Тогаш е формиран Клубот “Илинден” кој бил регистриран пред германските власти во 1975 година под името Македонски културен центар “Илинден”. Во Центарот со успех работат фудбалската екипа, шаховската секција и играорната група. Идеја за формирање религиозна заедница за Македонците од Минхен датира од 1972 година, меѓутоа, конкретни чекори се преземени во 1976 година кога е одржан првиот иницијативен состанок.

На 19 јануари 1987 година е одржана првата богослужба на мајчин македонски јазик. Членовите на Црквата “Св. Тројца” имаат подршка од Католичката и Евангелистичката црква, како и од германските црковно-државни власти. Црквата е регистрирана пред надлежните судски власти во 1990 година, а во 1992 година е пререгистрирана како црковно-национална институција на македонскиот народ во Минхен и околината. Оваа црква во јуни 1997 година го прослави својот 10-годишен јубилеј.

2. “Св. Ѓорѓи Кратовски” во Хамбург

Македонскиот клуб “Илинден-1903” бил формиран во 1978 година. Членовите на овој клуб биле иницијатори за формирање на Македонска православна црковна општина, чии активности започнале на 14.01.1991 година. На 6 април истата година е формиран Црковниот одбор кој одлучи црквата да го носи името “Св. Ѓорѓи Кратовски” кога активностите започнале на 12 мај 1992 година.  Македонците во Хамбург земаат под наем евангелистичка црква каде ги одржуваат богослужбите.

3. “Св. Климент Охридски” во Берлин 

Иницијатори за формирање на Црковната општина “Св. Климент Охридски” се членовите на Македонскиот клуб “Гоце Делчев”. Иницијативата за формирање на црковна општина датира од ноември 1972 година, а на 8 март 1973 година Светиот архиерејски синод го потврди нејзиното постоење.

Црковната општина “Св. Климент Охридски” го започна својот духовен живот на 17 мај 1991 година кога се одржа првото собрание.

4. “Св. Кирил и Методиј” во Штутгарт 

Во Штутгарт со успех работи Македонскиот клуб “Вардар” и Македонската православна црковна општина “Св. Кирил и Методиј”, кои се носители на бројни активности.  Во Штутгарт се одржуваат поетски вечери посветени на Св. Кирил и Методиј секоја година. Црковната општина за секој поголем христијански празник организира доаѓање на свештено лице од Македонија кое врши црковни треби.

5. “Св. Никола” во Мајнц 

Иницијатива за формирање на оваа Црковна општина се родила на 23 декември 1990 година, за потоа на 19 јануари 1991 година Црковната општина да биде регистрирана пред германските власти.  Богослужбите се одржуваат во Католичката црква “Св. Бернард” во Мајнц во која има поставено иконостас по православните канони и кој е осветен од владиците Михаил и Стефан.

6. “Св. Спас” во Хановер 

Првите иницијативи за дружење меѓу Македонците се јавија во Фудбалскиот клуб “Вардар” кој е формиран во 1975 година.  Потоа на 27 мај 1979 година се формира Спортското друштво “Илинден” кое од 1985 година го носи името Македонски клуб “Илинден”. Македонците во Хановер се организирани и во Црковната општина “Св. Спас” која претставува прва регистрирана македонска црква пред надлежните власти во Германија.

IV. AVSTRIJA 

1ctki12 “Св. Климент” во Виена

Во Виена постои Македонскиот клуб “Илинден”. Тој е единствен во Австрија и еден од најактивните во Западна Европа. Зградата на клубот е под австриските власти, која Македонците со свои средства и со многу доброволни средства и работни денови успеале да го реновираат и да создадат услови за работа на клубот.

Исто така, во Виена постои и МПЦО “Св. Климент Охридски”. Иницијатива за формирање на црковна општина се родила на 14 јуни 1987 година кога 30-тина македонски

семејства во еден од парковите на градот организирале заеднички ручек. Оваа црковна општина е регистрирана пред австриските власти. Бројот на верниците постојано се зголемува, со што повремено ја посетуваат свештени лица од Република Македонија.

V. ФРАНЦИЈА

Франција била од секогаш  раскрсница и предизвик за голем број емигранти од Балканот, а со тоа и за Македонците, кои формирале поголем број асоцијации. Така, таму постојат: Македонската асоцијација за Франција, Друштвото “Скопје – 93”, КУД “Нова Македонија”, Информативниот македонски центар “Вардар – Експрес”, клубовите “Франција – Македонија” и “Цар Самоил”, “Треска”, “Пелистер” и др. Исто така, е формирана Македонската православна црковна општина “Св. Климент Охридски”, што е прва и единствена македонска асоцијација во Франција.

1. “Св. Климент Охридски” во Париз 

Македонците во Париз на духовно црковно поле започнале да се организираат заедно со другите доселеници ширум Европа. Така, во една мала црквичка на 9 декември 1990 година се собрале поголем број македонски семејства каде се одржала богослужба на француски јазик. Со тоа се отвори еден нов црковен и духовен центар за Македонците во Париз.

Потоа, во 1991 година за празникот “Св. Климент” повторно била одржана богослужба, но овој пат на македонски и на француски јазик, со што се поставиле темелите на црковното живеење на Македонците во Париз.

VI. ШВАЈЦАРИЈА

Македонците во Швајцарија се организирани во следните асоцијации: македонските културни друштва со име “Македонија” во Арберг, Баден, Ешаленз, Неухаузен и Локарно. Со името “Гоце Делчев” во Арванген, “Илинден” во Минхенвиши, потоа во Гемајншаген, во Муртен и Цирих, “Александар Македонски” во Еменбрук, како и во црковните општини “Св. Наум Охридски” во Спрајтенбах и “Св. Богородица” во Локарно.

1. “Св. Наум Охридски” во Спрајтенбах

Оваа македонска православна црковна општина била формирана на 22 февруари 1992 година по иницијатива на мал број верници. Меѓутоа, тој број од ден на ден се зголемува. Тие одржуваат богослужби во други христијански објекти, меѓутоа, се очекува во скоро време да купат свој црковен национален дом.

2.”Св. Богородица во Локарно

Иницијатива за формирање на македонска православна црква во Локарно постоела од поодамна. Меѓутоа, на 8 ноември 1999 година меѓу верниците во Локарно престојуваше државна и црковна делегација при што надлежниот архиереј Гораст ја обслужи првата богослужба на македонски јазик. Оттогаш Македонците почнале да ги задоволуваат своите религиозни потреби во Католичката црква “Св. Богородица” во Локарно која им е отстапена да ја користат во неделите.

Продолжува

1sla3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

2 thoughts on “МАКЕДОНСКИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ ВО ГЕРМАНИЈА, АВСТРИЈА И ФРАНЦИЈА (33)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *