Али Ахмети: Членство во ЕУ заложба за идните генерации

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска четврти ден по ред се сретна со сопартијците и со граѓаните на општина Гостивар, поточно со жителите на Дутлок, Леска, Бањешница, Големо Турчане, Мало Турчане, Лакавица, Горна Бањица, Долна Бањица, Голем Пазар, Бег маало, Фазанерија и Циглана.

Покрај Ахмети, можност да се обратат имаа и претседателот на Собранието Талат Џафери, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, министерот за економија Крешник Бектеши, претседателот на огранокот на ДУИ  во Гостивар Валдет Џафери како и пратеничката Вјолца Латифи Адеми.

Али Ахмети – претседател на ДУИ

„Успешноста на едно движење зависи од определбите, доколку се утврди вистинската страна на историските и големите процеси. Како Албанци, решени сме да бидеме во вистинскиот пат, каде што се промовира демократијата. Овде се промовира правна држава каде функционираат сите тие што ги кажав погоре. Ние во политиката сме во контуинитет 20 години и сме точно на вистинската страна. Не случајно нашето мото е “Заедно за Европа”, бидејќи се спроведени низа процеси, постигнато е членство во НАТО, Охридскиот договор. Секако дека има уште многу работа. Политичко движење како нашето, се разбира, без експертска идеја и концепт не може да создаде програма и платформа. ДУИ овие 20 години ги инвестираше во обука на кадри. Се гордеам со кадрите кои ни го белеат образот. Ме прават среќен затоа што се огледало на државата, а тоа ме прави неуморен да продолжиме и да одиме напред. Додека зборуваме, Бујар се враќа од Украина. Скринингот што започна кај нас се прави за земјите кои бараат влез во ЕУ. Земјите од ЕУ треба да споделуваат фондови за да можеме да ги усогласиме стандардите со нив. Односите со соседите се наш приоритет, како и одржувањето на стабилноста. Друг приоритет е да имаме силни иницијативи во областа на инфраструктурата, канализацијата и отпадни води. Овие иницијативи се на добар пат, но не се реализираат преку ноќ. На почетокот на пролетта се надевам дека ќе отпочнат работите за Коридорот 8. Не беше лесно да се започне Коридорот 8 и железницата што ќе го поврзе Скопје со Драч, со сувото пристаниште во Струга. Членството на земјата во ЕУ е бенефит за идните генерации. Бев многу среќен кога почнаа работите за реконструкција на касарната „Илинден“ која му е доделена на Универзитетот. Со трпение, свежина и мудрост, процесите се движат напред. Може ли подобро, да, на доброто му нема крај. Не дека јас сум претседател,  ДУИ е партијата со најголема внатрешна демократија. Работиме добро и внатре и во институциите. Каде има поголема демократија од избор со принципот еден член еден глас? Како партија ја поддржуваме економијата. Нашата цел е зајакнување на државата, економијата и правдата. Почнувајќи од мене, ќе го започнеме ветингот, судството и обвинителството да бидат чисти и правични, со експерти од странство“, нагласи Ахмети.

Талат Џафери – претседател на Собранието

„Сојузот што го направивме со Ахмети е со нашата младина. Денес нашата младина е со оние кои заслужуваат да ги носат процесите на свои плеќи. Другиот сојуз е со народот. Не треба да се спротивставуваме затоа што имаме еднакви права. За тоа што го направивме, не треба да се обвинуваме меѓусебно затоа што таа проценка ја даваат граѓаните. Тие што заслужија, а оние што не заслужија, граѓаните им го покажаа местото“, рече Џафери.

Фатон Ахмети – генерален секретар на ДУИ

ДУИ не случајно е најголемата партија. Ајде заедно да ја надминеме последната пречка за интеграција. Внатрешните избори и форматот што го користевме, еден член еден глас првпат ги искористи ДУИ. Али Ахмети со својата визија постигна многу успеси и многу труд да ги направи реалност благодарение на неговата посветеност, да одиме со бело лице“, изјави Ахмети.

Крешник Бектеши – министер за економија

Ќе спомнам некои достигнувања и потоа ќе разговараме заедно. Заедно со првиот меѓу нас, г. Груби донесе неколку одлуки за доброто на граѓаните и фирмите. Средствата за прв пат се поделени подеднакво, штом во минатото имаше дискриминација, на оние региони кои беа маргинализирани сега дополнително ќе им се помага. Закон за финансиска поддршка и активни мерки за самовработување. Значителен дел од граѓаните се вработуваат во приватниот сектор. Ако во 2017 година минималната плата на државно ниво беше 14 илјади денари, минималната плата после овој месец ќе биде 21,22 илјади денари, просечната плата беше 23 илјади и сега ќе биде 30 илјади. Ќе отвориме конкурси за минерали за неметални и метални земји бидејќи имаме многу експерти, ќе ги отвориме за нивно вработување“, рече Бектеши.

Валдет Џафери – Претседател на огранокот на ДУИ Гостивар

„Перспектива и напредок можат да постигнат постарите генерации, оние кои искусиле други системи. За нас е чест што сме дел од процесите што ги води Али Ахмети, нашиот лидер. На овие средби евидентно е присуството на младите, тоа е предност за нас затоа што говори дека ДУИ знаела да ја регенерира организацијата. Ги повикувам сите млади да се приклучат бидејќи поддршката што ќе ја имаат во ДУИ, никаде на друго место нема да ја најдат“, истакна Џафери.

Вјолца Латифи Адеми – пратеник

„ДУИ постои не само за себе, туку и за општеството. Многу опозициски партии, албанско-македонски, се обидоа да ја победат ДУИ, Али Ахмети со својата смиреност ги испрати, од Црвенковски до Груевски. Денешните партии за лидер воопшто не се конкуренти, бидејќи Ахмети е лидер во кој Албанците гледаат надеж. Дејствата го прават човекот бесмртен, вели една поговорка. Нашата работа е да ја направиме европска Македонија реална и опиплива, а ДУИ е инструментот преку кој тоа ќе го постигнеме. Ќе го промениме патот на нашите деца. Ова е реалност“, нагласи Љатифи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *