Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Предвидено е претседателот Пендаровски денеска да учествува и да говори на панел сесијата „Во одбрана на Европа“, што започнува во 08:30 часот, а на која ќе говорат и претседателите на Полска Анджеј Дуда и на Литванија Гитанас Науседа, министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија Хозе Мануел Алваерез Буено и лидерка на Демократските сили на Белорусија Светлана Тихановскаја, соопшти кабинетот на шефот на државата.
Сесијата „Во одбрана на Европа“ можете во живо да се проследи на: https://www.weforum.org/event_player/a0P68000000ZvnvEAC/sessions/a0W68000007EnWyEAK?locale=en&lang=English&theme=light
Во рамки на форумот во Давос, претседателот Пендаровски ќе учествува и на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, а ќе има и повеќе билатерални средби со учесници на форумот.
Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, насловен „Соработка во фрагментиран свет“ се одржува од 16 до 20 јануари 2023 година, а учествуваат лидери од политиката, бизнисот и граѓанското општество кои ќе дебатираат за состојбата во светот и за приоритетите за годината што претстои.