Делегација на МПЦ-ОА на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти

Делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ – ОА ќе присуствува утре на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Како што информираат за МИА од МПЦ-ОА, делегацијата е составена од митрополитот Тетовско-гостиварски епископот Јосиф, придружуван од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски.

Претставници од повеќе христијански цркви најавија дека ќе имаат официјални претставници на литургијата за почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој почина на 31 декември на 95-годишна возраст.

Илјадници луѓе денеска се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан, неколку часа пред зори, за да му оддадат почит на папа Бенедикт Шеснаесетти.

Најмалку 25.000 луѓе се очекува да му оддадат почит на поранешниот папа, чие тело e изложено во отворен ковчег во базиликата Свети Петар во следните три дена, почнувајќи од денеска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *