Во Тетово дебата „Медиумите, изборите и улогата на саморегулација“

Претставници на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска во Тетово организираа дебата на тема „Медиумите, изборите и улогата на саморегулацијата“.

Тие зборуваа за значењето и перспективите на саморегулацијата како и за досегашните искуства на Советот за етика и соработката со слични тела во меѓународни рамки.

Во рамките на дебатата и дискусијата беа претставени најчестите тенденции на прекршување на стандардите во известувањето, особено за време на изборниот период во државата како и за начините на кои дејствува СЕММ во врска со случаите на непрофесионално и неетичко новинарство.

Според директорката за етика во СЕММ Марина Тунева, трендовите за непрофесионално известување на одделни медиуми беа забележителни и во предизборниот период но и за време на изборите како и сега. Најчести претставки што до нас беа поднесени се однесуваа на цитирање на еден извор при пласирање на веста, нарушување на членот 1 од Кодексот на новинарите со пласирање на погрешни информации, дискриминација по политичка, етничка или друга припадност, неправење разлика помеѓу фактите и интерпретацијата и така натаму, изјави Тунева.

Претставките што ги добива СЕММ биле поднесувани од граѓани, новинари, разни здруженија а во последно време зачестиле и претставките од пратеници а реагирале и од кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Според Тунева дел од претставките се решаваат и пред да бидат поднесени до Комисијата за жалби во Советот доколку стрраната што гон направила прекршувањето се зивини на лицето или организацијата што која ја поднела претставката. Останатиот дел од овие претставки завршуваат пред комисијата за жалби од каде ирекуваат пред се морални санкции.

Тука треба да се вклучат и надлежните институции како судството бидејќи дискриминацијата и говорот на омраза се кривични дела но и другите институции од оваа област како Агенцијата за аудио визуелни услуги и така натаму рече Тунева.

Претставниците на СЕММ на денешната дебата во Тетово поосчија дека одпочетокот на нивното формирање досега биле доставени над 200 претставки за непрофесионално и неетичко известување на медиуми од Македонија.